• сабота, 08 ноември 2025
МИА Општински пул

 1 октомври 2025 

Куманово - Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија од општина Куманово денеска ги повика кумановци да се пријават за општинската награда која се доделува по повод 11 – ти Ноември, Денот на ослободување на Куманово.

- Општината Куманово и годинава, ќе ја додели традиционалната „Ноемвриска награда“, како израз на највисоко општествено признание што се доделува за посебни постигнувања во одделни области. Според Одлуката, наградата се доделува на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија и заедници чие дело односно резултати во работењето и делувањето претставуваат посебно остварување во областите на стопанството и вонстопанските дејности, во текот на едногодишен и повеќегодишен период. Делото, односно постигнувањата да бидат достапни на јавноста до 11 – ти Октомври годинава, а авторот на делото да е жител на Општината Куманово, организацијата или заедницата да е од Општината Куманово, односно делото и постигнувањата да се тематски врзани за Општината Куманово, информираше претседателката на комисијата, Невена Величковска Зиројевиќ.

Право на предлагање на кандидати за Ноемвриска награда на Општината Куманово имаат претпријатијата, установите, здруженијата, месните заедници, група граѓани и поединци. Предлозите за доделување на Ноемвриската награда со образложение во писмена форма треба се достават до Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија, најдоцна до 31 – ви октомври годинава. 

Делчево – Општина Делчево успеа значително да го намали долгот кој во минатото претставуваше сериозен товар за локалната самоуправа. Според градоначалникот Горан Трајковски, долгот кој во октомври 2017 година изнесувал околу 248 милиони денари, денес е сведен на приближно 79 милиони денари.

– Финансиската стабилност е основа за секој развоен процес во една општина. Од самиот почеток на мандатот една од клучните цели беше воспоставување финансиска дисциплина и домаќинско управување со јавните средства. Денес можам со гордост да истакнам дека општината успеа да го намали долгот за повеќе од три пати, што е јасен показател за одговорното работење на администрацијата и рационалното користење на буџетските средства, изјави Трајковски.

Тој додаде дека со ова намалување се обезбедува поголема ликвидност, стабилност и доверба кај институциите, бизнис-секторот и граѓаните, што ќе овозможи повеќе средства да се насочат кон инвестиции во инфраструктура, образование, култура, спорт и други области важни за подобрување на квалитетот на живот во Делчево.

– Овој резултат е потврда дека со дисциплина, транспарентност и одговорност можат да се надминат и најголемите финансиски предизвици. Продолжуваме по истиот пат – кон целосно финансиски стабилна и развојно ориентирана општина, рече Трајковски.

Со ваквото темпо, Делчево како што додаде покажува дека локалната самоуправа може да биде пример како финансиската дисциплина и рационалното управување со јавните средства директно се претвораат во подобар квалитет на живот за граѓаните.

Штип - Во завршна фаза е огласот за вработување на 18 лица во Клиничка болница - Штип, одлуката е донесена, но  се чека завршување на Локалните избри. Директорот на Клиничка болница- Штип, Владко Захариев денеска изјави дека во процедура е уште еден оглас со кој би требало да се вработат нови 25 лица. Со овој оглас акцентот се става на техничкиот персонал кој недостасува во болницата.

-Актуелно што е – огласот што беше со 18 вработувања, процедурата е во завршен чин, но поради изборите, од ДКСК немаме услови за потпишување решение. Периодот на интервју, на одлука е донесен, периодот на жалби е поминат се чека само завршување на периодот на изборите. Исто така треба да напоменам дека во процедура ни е во Министерство за финансии за 25 други вработувања. Овде ќе биде повеќе помошен персонал, акцентот ќе биде на болничари, чистачки, технички персонал и медицински сестри, изјави Захариев.

Тој најави дека дополнително до крајот на оваа година треба  да се распише и трет оглас за вработување со што би се намалил недостатокот на вработени. Оптимистички смета дека почетокот на наредната 2026 година ќе започне со подобра кондиција, кога е во прашање бројот на вработени во болницата.

-Се надевам дека до Нова Година ќе има уште еден оглас. Недостаток на персонал има на сите одделенија. Но, јас се надевам дека со реализацијата на овие огласи 2026 година ќе ја почнеме со подобра кондиција, вели Захариев.

Штип – На Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип денеска се одржа првиот академски час за над 1.500 студенти кои се запишаа во прва година на еден од 12 факултети и трите академии. Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски истакна дека студентите на овој Универзитет можат да учат од најмодерни библиотеки, во најмодерни лабаратории, да бидат дел од меѓународни размени и да добијат европска диплома.

-Ме радува што во уште во првиот уписен рок над 90% од запишаните студенти го избраа нашиот Универзитет. Што значи Универзитетот „Гоце Делчев“ станува прв и препознатлив избор за високото образование. На студентите ќе им посакам многу успех, во учењето да бидат свои, да бидат истрајни се надевам дека Универзитетот заедно со сите професори и вработени ќе им биде поддршка во патот, кој ги очекува, вели Мираковски.

Прашан што нуди штипскиот Универзитетот преку зачленувањето во една од европските Алијанси, во која членуваат повеќе Универзитет од неколку европски земји, Мираковски вели дека на студентите им овозможува многу висок степен на мобилност.

-Тоа ќе им овозможи многу поголема отвореност, достапност до европските Универзитети, до формите на образование коишто ги нудат Универзитетите, кои се партнери во Алијансата. Дополнотилно правиме исчекор и во лабараториските услови, вели Мираковски.

Штип, 1 октомври 2025 (МИА) – На Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип денеска се одржа првиот академски час за над 1.500 студенти кои се запишаа во прва година на еден од 12 факултети и трите академии. Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски истакна дека студентите на овој Универзитет можат да учат од најмодерни библиотеки, во најмодерни лабаратории, да бидат дел од меѓународни размени и да добијат европска диплома.

-Ме радува што во уште во првиот уписен рок над 90% од запишаните студенти го избраа нашиот Универзитет. Што значи Универзитетот „Гоце Делчев“ станува прв и препознатлив избор за високото образование. На студентите ќе им посакам многу успех, во учењето да бидат свои, да бидат истрајни се надевам дека Универзитетот заедно со сите професори и вработени ќе им биде поддршка во патот, кој ги очекува, вели Мираковски.

Дебар - Дебарското одделение за внатрешни работи, поднесе кривична пријава против правен субјект и вработено лице за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

-Кривична пријава е поднесена  против правниот субјект „Електродистрибуција“ ДООЕЛ Скопје, друштво за дистрибуција на електрична енергија со седиште во Скопје и против С.С. (47) од Куманово, вработен во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Предизвикување општа опасност“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Според Димоски,  тие, не постапиле според прописите и техничките правила и не го одржувале во исправна состојба далекуводот за селото Мал Папрадник, во општина Центар Жупа.

Со тоа, посочува тој, ги прекршиле техничките правила за мерките за заштита, поради што, на 30 август годинава на земјоделски површини во атарот на селото Мал Папрадник, настанал пожар и бил доведен во опасност животот и имотот на населението. 

Дебар – Со доделувањето на наградите за најдобрите, доцна синоќа, заврши 24. издание на фестивалот „Албански театар во Македонија“, кој традиционално се одржува во Дебар.

За најдобра претстава стручното жири ја прогласи „Цилиндар“ од Едуардо де Филипо, во режија на Афердита Нухији од Театарот од Гостивар. Режисерката Нухији за истата претстава ја доби наградата за најдобра режија.

Наградата за најдобра актерка отиде во рацете на Линда Шабани која настапи во претставата „Пациентот на др. Фројд” од Миро Гавран, во режија на Гент Чајани а во изведба на Тетовскиот театар. За најдобар актер беше прогласен Мумин Абдулахи во претставата „Вистината“ од Флориан Зелер, во режија на Бесфорт Идризи а во изведба на Албански театар за деца и млади - Скопје.

Беше доделена и специјална награда од Бордот на Фестивалот за уметничка кариера која и припадна на Валдета Исмаили од Скопје.

На последната фестивалска вечер настапи Националниот театар на Косово со претставата „АРТ“, по што многубројната публика уживаше во концертот „Валцери и полки од Штраус“ во изведба на квартетот предводен од Пламенка Трајковска.

-Задоволството е големо што успешно го реализиравме и ова издание на фестивалот. Голема благодарност до сите кои го помогнаа неговото одржување, до учесниците и секако до дебарската публика, која, сите осум фестивалски вечери ја имаше во преполната сала во Центарот за култура. Останува да го оствариме нашиот долгогодишен сон, оваа значајна манифестација да биде иституцонализирана. Се надевам дека тоа ќе се реализира до следниот јубилеен 25. Фестивалот, рече за МИА, Илбер.

Охрид – Општинската организација на Црвениот крст од Охрид се приклучува кон кампањата на Обединетите нации и под мотото „Застапување за здраво и инклузивно стареење“ го одбележува 1 Октомври - Меѓународниот ден на стари лица.

Црвен крст – Охрид како огранизација спроведува најразлични услуги за стари лица со цел подостоинствен и квалитетен живот и даваат придонес и активно се вклучуваат во креирање на политики за старите луѓе во локалната заедница.

Оваа година е јубилејна година за охридскиот Црвен крст отттаму што се одбележува десетгодишнината од спроведувањето на програмата „Најди време“, осмислена токму во насока на иницирање и спроведување активности за интензивирање на грижата за старите лица.

Инаку, според податоците на Обединетите Нации, предвидувањата се дека следните децении Република Северна Македонија ќе доживее брз процес на стареење на населението.

Според пописот од 2021 година, во земјата има 315.331 лице на возраст над 65 години, а бројот новородени се намалува. Во периодот од 2013 до 2023 година учеството на старото население е зголемено од 13.1 на 18 проценти. Постарата популација претставува речиси една четвртина од населението и таквиот тренд дефиниран како стареење на популацијата, наметнува низа здравствени, социјални и економски предизвици, што пак имплицира зголемена потреба, пред се, од здравствени и социјални сервиси,истакнуваат од Црвен крст Охрид.

Остани поврзан