• вторник, 15 јули 2025
МИА Општински пул

18 јуни 2025 

Скопје - Градоначалникот Горан Герасимовски, се сретна со претставници од Ансамблот на народни игри и песни „Орце Николов“, еден од најстарите и најзначајни носители на фолклорната традиција во државата. На средбата, се дискутираше за тековните културни активности во општината, за локалната поддршка за културниот развој и за можностите за продлабочување на соработката.

Ансамблот, оваа година одбележува 80 години од своето постоење и е еден од добитниците на Конкурсот за финансиска поддршка на културни проекти на Општина Центар. За проектот „80 години волшебен свет на фолклорот“, ансамблот доби финансиска поддршка во износ од 30.000 денари.

Битола - Утрово Термоблокот 2 во РЕК Битола автоматски е исклучен од електроенергетскиот систем, соопштија од АД ЕСМ, а причината е проработување на заштитниот механизам на блокот, кој се активирал како последица на зголемена температура односно опожарени дрвени елементи во близина на ормарот за електронско управување.

Од секторот за односи со јавност на АД ЕСМ нагласуваат дека со оглед дека станува збор за потенцијална саботажа, веднаш по настанот, надлежните служби на РЕК Битола реагирале согласно оперативните протоколи.

Охрид – Полициски службеници од редовниот состав на Секторот за внатрешни работи од Охрид утре ќе имаат вежбовно гаѓање со боева муниција на стрелиштето „Бејбунар“.

Пред почетокот на вежбовните активности предвидени за од осум часот, ќе бидат спроведени соодветни безбедносни активности со теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето, со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони.

Скопје - Без електрична енергија денска од 08:10 до 14:30 часот, ќе останат корисниците од населба Јака и село Марино, дел од корисниците од селата Белимбегово и Кадино, објектите на Гранд Експорт, Текспорт, Мак Инвест и Хавеп, трафостаниците на Мак Инвест 381720, Бела Земја 1, 2, 3, 5, 6, 7 , 8, 9 и 10, како и приватните трафостаници Гранд Експорт 89743, Хавеп 389919 и Текспорт 389993 во општина Илинден.

Струја во периодот од 10:00 до 12:00 часот, ќе немаат и од корисниците од улиците Симеон Кавраков, Петар Ацев и Анастас Митрев во општина Аеродром, соопшти ЦУК. 

Тетово - Центарот за култура од Сесвете (Загреб) преку изложба во Тетово овозможи овдешната публика да се запознае со хрватскиот етно накит и трите видови на изработка според географското подрачје. Хрватскиот етно накит е поделен според три региони, Панонски, Динарски и Јадрански, истакна на вчерашното отворање на изложбата директорката на Центарот Вјекослава Дамјановиќ.

-Јадранскиот накит е метален накит, филигран, Динарски има перли, но повеќе метал и Панонски тој целсно е изработен од стаклени перли, кои луѓето успеале да ги добијат затоа што имало трговија со Чешка и трговци кои ги носеле перлите. Накиот е важен зошто од него може многу да се прочита. Може да се препознае личноста која го носи, од кое место доаѓа. Како што секое место има специфична носија така е и со накитот. Потоа можело да се препознае дали е тоа дете, девојка за мажење, мажена жена, вдовица, вдовица која излегла од тагување, па бара нова жртва, сè тоа од накитот можело да се препознае. Исто така и статусот. Во сиромашните делови накитот е поедноставен, околу Самобор и околината бил посложен и поскап со повеќе перли, така што може да се види дали девојката доаѓа од сиромашен или богат крај. Во Славонија жените носеле дукати, со свечена носија, со која девојките се мажеле и биле погребани. Жените секогаш биле силно врзани за накитот. Тој има универзална убавина и затоа и многу се подарува“, изјави Вјекослава Дамјановиќ, директорка на Центарот за култура, во Сесвете.

 

Остани поврзан