• понеделник, 13 јули 2026
МИА Најави МКД

17 јуни 2026

Скопје - Средба на шведскиот амбасадор, Ола Солстром со претседателот на Собранието, Африм Гаши. (Собрание, Стар кабинет/10:00)

Струмица - Премиерот Христијан Мицкоски ќе изврши увид на реконструираната ЈЗУ Општа Болница во Општина Струмица. (12:00; предвидена изјава за медиумите)

Скопје - Конференција за Социјално претприемништво, во рамки на проектот „RAISE CSOs - Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемништво за млади со локални ГО во Северна Македонија“  во организација на Младински Сојуз - Крушево, Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ и Центарот за истражување и анализа НОВУС. (х.„Александар Палас“/10:00)

Кавадарци - Регионален форум на Вардарскиот плански регион за одржлив третман на биоотпадот дел од  проектот „Нула биоотпад: Системски промени во партнерство со граѓаните“ од програмата Цивика Мобилитас на Владата на Швајцарија. (Општина Кавадарци, сала за состаноци/11:00)

Скопје - Панел-дискусија за значењето, положбата и иднината на македонскиот јазик, на која свое обраќање ќе има претседателот на СДСМ,  Венко Филипче. (Голема сала на СДСМ/19:00)

Скопје - Прес-конференција на Стопанска банка по повод повод потпишување договор за стратешко партнерство со Мастеркард. (Управна зграда на Стопанска банка спроти Градскиот трговски центар/11:00) 

Скопје - Прес-конференција на Finance Think - Институт за економски истражувања и политики, Младинскиот образовен форум, Македонскиот центар за граѓанско образование и Македонското лекарско друштво. (х.„Мериот“/10:00)

Скопје - Изведба на претставата „Страв и надеж“, во режија на Татјана Мандиќ Ригонат. (Македонски народен театар/20:00)

Скопје - Изведба на балетската претстава „Госпоѓа Бовари“. (Национална опера и балет/20:00)

Скопје - Свечено отворање на Фестивалот на француски филм „Корзика во фокус“. (Кино Синеплекс/19:00)

 

_______________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа