• понеделник, 13 јули 2026
МИА Најави - МКД

8 јуни 2026

Скопје – Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ќе го презентира извештајот за неговата двoгодишна работа. (Сала „Борис Трајковски“/10:00)

Скопје – Седница на Интерпартиска парламентарна група за Национална развојна стратегија. (Сала 5 / 12:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања.(Сала 6 / 12:20)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. (Сала 4 / 12:30)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“ / 14:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 6 / 14:30)

Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала „Борис Трајковски“ / 14:30)

Виница - Премиерот Христијан Мицкоски ќе престојува во работна посета на компанијата „Макпрогрес“ во Виница, по повод отворањето на новата фабрика за кондиторски производи - фабрика во рамки на брендот „Винчини“. (Настанот почнува во 11:00, изјави за медиуми /12:30)

Скопје - Доделување на наградите „Предводници на одржливиот развој“ во рамки на Бизнис форумот за одржливост, организиран од Конект во партнерство со Министерството за економија и труд и Фондот за население на ОН. (Клуб на пратеници / 12:00)

Скопје - Свечено одбележување 165 години од „Зборникот на браќата Миладиновци“, во Спомен-собата „Т’га за југ“. (ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ / 11:00)

Скопје – Концерт на Нотингемширскиот оркестар на Кралските инженери и Воениот оркестар на македонската Армија во рамки на одбележувањето на роденденот на Кралот Чарлс Трети. (Школка во Градскиот парк / 18:30)

Скопје – Концертот на групата СЕЈЈАХ , во организација на Институт Јунус Емре - Скопје. (Филхармонија / 20:00)

Скопје – Изведба на монодрамата „Не денес“ од Марјан Георгиевски. (Паблик рум / 20:00)

Охрид -  „Денот на Спортот“ во Охрид во рамки на спортско-едукативниот проект „Zero Waste“. (Кеј Македонија / 10:00)

 Скопје – Заедничка прес-конференција на Новоматик Македонија и ФК Вардар. (Новоматик Македонија / 13:00)

_______________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Можно е и ова да ти се допаѓа