• сабота, 10 октомври 2026
МИА Најави - МКД

6 јули 2026

Скопје - Седница на собраниската комисија за Комисија за култура и туризам. (Сала 5/10:00)

Скопје - Седмичен неформален брифинг на претседателот на Собранието, Африм Гаши со новинари. (Сала на Уставна комисија/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/12:00)

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува и свое обраќање ќе има на настанот по повод потпишување на договор меѓу ЈПДП и ЕБОР за грант средства за изградба на автопат Скопје-Блаце. (Свечена сала во Влада/11:00)

Скопје - Прес-конференција за Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“. (книжарница „Матица ексклузив“ спроти Министерство за финансии/11:00)

Берово - Регионален форум на Источниот плански регион за одржлив третман на биоотпадот,  кој е дел од  проектот „Нула биоотпад: Системски промени во партнерство со граѓаните“ од програмата Цивика Мобилитас на Владата на Швајцарија, што го спроведува Здружението за еколошко одржлив развој Зелен институт, во партнерство со Националното здружение на сопственици на приватни шуми. (Големата сала на Општина Берово/12:00) 

Охрид - Официјалното отворање на „Охридската летна школа на природно право“ организирана од Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при Македонската академија на науките и уметностите во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и со поддршка од Австриска агенција за развој (АДА). („Куќата на Уранија“/10:00).

_______________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа