12 јуни 2026
Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Собрание, сала „Борис Трајковски“/10:00)
Истанбул - Бизнис форум посветен на јакнење на економските врски и промоција на инвестициските потенцијали на Република Северна Македонија.
Скопје - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков и францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер ќе потпишат меморандум за соработка во областа на културата и туризмот помеѓу Министерството за култура и туризам и Амбасадата на Француската Република во Скопје. (Простории на Француски институт во Скопје, Градски ѕид, блок 5/12:00, изјави за медиумите по потпишувањето)
Скопје - Конференција за одржлив транспорт во Скопје и возење со автобус по рутата на БРТ и Градскиот воз. (Возење со автобус по рутата на БРТ и Градски воз на автобуската постојка во Карпош 4 пред спортска сала Партизан/9:30; изјава за медиумите - перон на Транспортен центар на местото на поаѓање на возовите на железничката станица/11:10)
Скопје - Стоматолошката комора на Македонија, по повод започнувањето на тридневниот Меѓународен конгрес по стоматологија во Скопје, ќе одржи два настана.
- Прес-конфернција на претседателите на коморите од К4 групата (Македонија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина). (Простории на Стоматолошка комора на Македонија/13:00)
- Свеченото отворање на Конгресот. (х. „Холидеј Ин“/19:30)
Скопје - Прес - конференција по повод концертот на Македонската филхармонија на кој ќе биде изведена музичко-сценската канатата „Кармина Бурана“ од Карл Орф. (Филхармонија, мала сала/10:30)
Скопје - Концерт на македонскиот перкусионист и композитор Александар Петров насловен TRANSMIssION. (Public Room/21:00)
Скопје - Завршна манифестација на Деветтиот фестивал на поезија за деца „Стихувалки 2026“. (Дом на културата „Кочо Рацин“/17:00)
Скопје - Opium Clippers – перформанс на Неја Томшич дел од серијата настани во рамки на Перформанс платформа фестивал (ППФ) 2026. (Кино на железничката зграда/17:00 и 20:30)
Охрид - Изложба „Македонски автори од Збирката на современа уметност“, по повод 75 години од постоењето на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид. (20:00)
Скопје - Виолин фест 2026 - Каде талентот станува уметност, свечен концерт. (Филхармонија, камерна сала/19:00)
Скопје - Отворање на изложбата „Пркосните 12“. (Центар јадро/20:00)
_______________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***