• сабота, 14 ноември 2026
МИА Најави МКД

7 октомври 2026

Скопје - Собранието ќе ја одржи 125. седница. (Сала „Македонија“/11:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала 6/10:00)

Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 8/10:30)

Скопје - Средба со претседателот на собраниската Комисијата за одбрана и безбедност, Павле Арсоски со претставници од Холандска амбасада. (кабинет 121/13:00)

Скопје – Средба на Националниот совет за евроинтеграции со Холандска делегација, предводена од Хелен Бакер, заменик-министерка за надворешни работи на Холандија и генерална директорка за европска соработка при холандското МНР. (Сала на Уставна комисија/15:15)

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на новата детска градинка „8 Април“ во Општина Шуто Оризари. (11:00)

Карбинци - Министерката за образование и наука, Весна Јаневска ќе ја посети реконструираната училишна спортска сала во ОУ „Страшо Пинџур“ во општина Карбинци. (11:00 часот)

Штип - Министерката за образование и наука, Весна Јаневска ќе ја посети реконструираната училишна спортска сала во ОУ „Димитар Влахов“ во општина Штип. (12:00)

Штип - Гостинско предавање на Економски факултет при УГД на претставници од Светска банка на тема: Претставување на Извештајот на Светска Банка за растот и работните места насловен: „Северна Македонија: Излез од стапицата на среден доход“. (УГД/13:30)

Скопје – Брифинг со медиуми на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), во соработка со проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“. (Дропстоп гастробар/10:00)

Велес - Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА во соработка со Агенцијата за вработување спроведува обука во рамки на мерката „Поддршка за самовработување – претприемништво“. (Сала на Совет на Општина Велес/12:00)

Скопје – Седница на Уставен суд. (Уставен суд/09:30)

Скопје – Седница на Судски совет на РСМ. (Судски совет/10:00)

Скопје - Официјалното отворање на обновената „Халк Читална“ на Економскиот факултет - Скопје при УКИМ. (Економскиот факултет/10:30)

Скопје - Промоција на „Од другата страна“ на дуото Поетроника. (МНТ, тераса на втори кат/19:00)

Скопје – Дискусија на тема „Театарот и философијата во европската култура“ во рамки на форумот „Philosophia Christiana“ во организација на фондацијата Свети Фотиј Велики од Скопје. (Градска библиотека „Браќа Миладиновци“/19:00)

Скопје - Промоција на книгата „Даночен број на страста“, од Лорета Георгиевска – Јаковлева. (КИЦ, Салон -Империјал 2/19:00)

Франкфурт - Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) со штанд на македонската книжевност на Саемот на книгата во Франкфурт.

Скопје – Прес-конференција по повод 45. Скопски џез фестивал што ќе се одржи од 15 до 18 октомври. (Лабораториум/13:00)

Скопје – Концерт на Националниот џез оркестар со Ден Пугач. (Национална опера и балет/20:00)

Охрид - Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, ќе изврши увид во реализираните инвестиции во ООУ „Христо Узунов“. (ООУ „Христо Узунов“/10:00)

__________________________________________________________________

МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Можно е и ова да ти се допаѓа