• сабота, 17 октомври 2026
МИА Најави МКД

17 септември 2026

Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Собрание, сала „Борис Трајковски“/12:00)

Скопје - Прес-конференција на пратеникот Сали Мурати. (Собрание, Прес центар/11:00)

Охрид - Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, ќе извршат увид во санација на свлечишта кај населеното место Ботун, на автопатот Охрид-Кичево. (Изјави за медиуми се предвидени во 12:30 часот кај н.м. Ботун локација: https://maps.app.goo.gl/mNkHrSnxKMGom8Kh9)

Куманово - Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска и вршителот на должност, амбасадор на САД, Никол Варнс ќе присуствуваат на промоцијата на системот за телесни камери, обезбеден како донација преку Меѓународната програма за обука и помош при водење криминалистички истраги (ICITAP) во рамки на Кривичниот оддел при Министерството за правда на САД. (Граничен премин Табановце/8:50, пристигнување на медиумите/8:45)

Скопје - Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, ќе означат почеток со работа на новата канцеларија за административни услуги во Општина Гази Баба – „Центар за услуги – ЕТУ Гази Баба“. (Дом на култура „11 Октомври“ на ул. „Методија Андонов Ченто“ бр.81Б/11:30; предвидена изјава - медиумите да пристигнат до 11:15)

Штип - Свечено одбележување на Денот на единицата и големиот јубилеј - 30 години од формирањето на 2. пешадиски баталјон - „Скорпии “, од составот на 1. пешадиска бригада. (Касарна „Јане Сандански“/11:00, пристигнување на пријавницата на касарната „Јане Сандански“/10:30)

Скопје - Државната изборна комисија ќе одржи јавна седница. (https://www.youtube.com/@secmk499/streams/13:00)

Скопје - Одбележување на 75 години Матица на иселениците од Македонија – историја на врската меѓу Македонија и Македонците низ светот. (Музеј на македонската револуционерна борба/19:00)

Скопје -  Прес-конференција на Еко – свест и граѓанските организации посветени на заштитата на природата и владеењето на правото. (Простории на Еко – свест, ул.„Киро Крстевски – Платник“ 6/1/11:00)

Скопје - Предавање на Ивана Ангелова на тема „Неизграденото - Просторите што го дополнуваат градот“. (Музеј на современа уметност/19:00)

Скопје - Прес-конференција по повод премиера на претставата (диптих) „Федра – Антропологија на една желба“. (Драмски театар, фоаје/11:00)

Скопје - Промоција на книгата „Септемвриска тетратка“, од Гордана Михаилова Бошнакоска. (КИЦ, Салон - Империјал 1/19:19)

Скопје - Промоција на книгата „Создавањето на златниот свет“ од Коста Милков, и изложба на илустрации за деца на Владимир Илиевски. („Метаноја“ ул. „Максим Горки“ 19/19:00)

Скопје - Промоција на книгата „Новото време на вистината“ на Драги Аргировски. (Сала на Општина Аеродром/18:00)

Скопје - Изложба на Стефан Младеновски „СООЧУВАЊА“. (Галерија Остен/19:00)

Битола - Отворање на изложбата „Проникнување“ на Кристина Хаџиева. (Офицерски дом во рамки на КИЦ Битола/20:00)

Скопје - Отворање на мултимедијалната изложба „МЕЃУ СВЕТОВИ“ на Воскресија Андреевска. (Национална галерија на Македонија – Мала Станица/20:00)

Скопје - Статуафест „Другото лице на улицата“, во организација на Театроск. (Плоштад „Македонија“ и ул.„Македонија“/18:30)

Скопје - Оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт во рамки на фестивалот „Денови на македонската музика“. (Филхармонија/20:00)

___________________________________________________________________

МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини