• четврток, 14 мај 2026
МИА Најави МКД

7 мај 2026

Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 100. седница. (Сала „Македонија“/13:00)

Скопје -  Премиерот Христијан Мицкоски ќе се обрати на Регионалната министерска конференција – „Предводење на промените: Патеки кон демографска отпорност согласно потребите на луѓето“ (хотел Хилтон/10:00), пред почетокот на настанот изјави за медиуми на Фатмир Лимани - министер за социјална политика, демографија и млади и Пио Смит - помошник генерален секретар и заменик извршен директор на програма при УНФПА. (9:30)

Скопје -  Премиерот Христијан Мицкоски ќе се обрати на Советот на Германско-македонската стопанска комора, како дел од Германско-македонскиот бизнис самит во организација на  АХК Северна Македонија од мрежата на германските стопански комори во странство. (хотел DoubleTree by Hilton/11:30, изјава за медиуми на Антје Ванделт, директор на AХK Северна Македонија)

Скопје - Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе во прва официјална посета на Република Северна Македонија: 

- пристигнување пред главниот влез на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (8:20)
- тет-а-тет средба на Берсе со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски  (8:25 - 8:40)

- билатерална средба помеѓу делегациите ( 8:45 - 9:15)

- прес-конференција - (9:20 - 9:40)

- посета на Собранието - (Сала на Уставна комисија 12:05)

Скопје -  Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев ќе се обратат на централната прослава за одбележување на Денот на македонската полиција - 7 Мај.(МВР/10:00)

Скопје -  Прес-конференција на Народната банка за најновите макроекономски проекции. (Народна банка/11:30)

Скопје -  Брифинг со новинари на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Ацо Ристов, на кој ќе бидат споделени наодите од Годишниот извештај на РКЕ. (РКЕ/11:00)

Скопје - Брифинг по повод овогодишниот самит на „Македонија 2025“. (Центар бар/13:30)

Скопје - „Отворен ден и Ден на кариера“ на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. (нов кампус на УМТ, наспроти амбасадата на САД/11:00)

Скопје - Крводарителска акција на Управата за јавни приходи под мотото ДАРУВАЈ КРВ – ДАРУВАЈ ЖИВОТ. (Контакт центар при Регионалната дирекција Скопје, наспроти Билна Аптека/10:00/, изјава за медиуми директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова и директорот на Институтот за трансфузиона медицина – Скопје, Амир Елези.

Скопје -  Прес-конференција по повод отворање на Плазма Спортските игри за млади во Северна Македонија и најава на тековните активности во рамки на овој национален проект кој е најголемата аматерска спортска манифестација за деца и млади во Европа.(Хотел Holiday Inn/11:30)

Скопје - Прес-конференција на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија. (седиште на  Движење ЗНАМ За наша Македонија/12:30) 

Скопје - Прес-конференција на пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ за предлог измените за здравствено осигурување во Закон за придонеси од задолжително социјално осигурување. (Собрание, прес-центар/11:30

Скопје - Прес-конференција по повод 54. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. (фоаје на Националната опера и балет/11:00)

Скопје - Македонска промоција на двата најнови албума на Влатко Стефановски. (Хотел Holiday Inn/12:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Уште еден чекор, и оживуваме“ од Клелија Живковиќ. (Студио Приватен принт/18:00)

Скопје -  Концерт на оркестарот на Македонската филхармонија насловен „Хармонија“ на кој како солист ќе настапи виртуозниот кинески виолинист Нинг Фенг, а диригент е маестро Емил Табаков од Бугарија.(Филхармонија/20:00)

Скопје - Проекција на кратки анимирани филмови на Крсте Господиновски. (Кафе и филм КОТУР /20:00) 

Битола -  Прво издание на Вински фестивал - Битола.

Скопје - Промоција на книгата „Ти што влезе во песна “ од Лидија Размоска Тримовска во издание на издавачката куќа „Макавеј“. (Културно информативниот центар, Салон Империјал/19:19)

________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан