• четврток, 15 октомври 2026
МИА Најави МКД

10 септември 2026

Скопје – Конференција „Регионална соработка за интеграција во ЕУ“, за улогата на ефикасниот парламентарен надзор во унапредувањето на процесот на пристапување кон ЕУ. (Собрание, сала „Борис Трајковски“/9:30)

Прилеп - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе присуствува на отворањето на новиот погон на фабриката „ВИК“ (WIK) во ТИРЗ Прилеп. (11:00; предвидена изјава за медиуми)

Охрид - Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ќе има воведно обраќање на Регионалната конференција „Охрид 2026“ и ќе учествува на панел дискусија на тема „Од притисокот во еврозоната до фискална отпорност: Буџетски приоритети, реалности во приватниот сектор и регионални лекции“. (х. „Инекс Олгица“/9:45)

Скопје – Прес-конференција на министерот за здравство, Сашо Клековски по повод ажурирање на листата на есенцијални лекови. (Клуб на пратеници/12:00)

Скопје - Прес-конференција на портпаролот на Владата, Марија Митева, генералниот директор на Државна лотарија, Александар Климовски и директорот на Авалон продукција, Бобан Милошески. (Клубот на пратеници/13:00)

Скопје - Судскиот совет ќе ја одржи 555-та седница. (Судски совет/12:00)

Скопје - Прес-конференцијата на Македонскиот олимписки комитет (МОК) по повод успешниот настап на македонските спортисти на Медитеранските игри во Таранто. (простории на МОК/11:00)

Скопје – Свечено врачување на наградата освоена годинава во Берлин на Меѓународниот училиштен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2026. (простории на ООУ „Лазо Трповски“/10:00)

Битола - Свечено отворање на новата Ресурсна соба во ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола. (12:00) 

Скопје – Отворање на изложбата „Боите на слободата“. (Музеј на Македонија/12:00)

Скопје – Отворање на „Школата за иднини на грижа во Скопје“, како прва фаза од „СЕМИЊА НА СОЛИДАРНОСТА – Уметнички практики и екофеминистички сојузи за грижлива иднина“. (КСП Центар – Јадро/19:00)

Скопје – Отворање на изложбата на скулптури „Жени создадени во пламен“ од Димитар Филиповски: (КИЦ/21:00)

Скопје – Отворање на групната изложба „Да се мисли со материјата: Четири лекции од водата и земјата“. (КСП Центар – Јадро/19:00)

Скопје - Дигитално реставрираниот филм „Солунските атентатори“ ќе го отвори фестивалот на филм, музика и уметност „Нем филм 2026“. (Кино Балкан/20:00)

___________________________________________________________________

МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини