• сабота, 10 октомври 2026

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

27 јули 2026 

Скопје - Собранието ќе ја одржи 118. седница. (11:00) 

Скопје - Средба на членовите на собраниската Комисија за европски прашања со Фернандо Мариано Семпедро Маркос, државен секретар за ЕУ, при Министерството за надворешни работи, Европската Унија и соработка на Кралството Шпанија. (Сала на Уставна комисија/11:30) 

Скопје -  Прес-конференција на министерот за внатрешни работи и раководител на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи Панче Тошковски, на која ќе ги изнесе најновите информации за состојбата на водата од гостиварскиот водовод. На прес-конференцијата ќе присуствуваат и директорот на ДЗС и раководител на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов и директорот на ЦУК, Мухамед Али. (Центар за управување со кризи/10:30)

Скопје - Прес-конференција на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, Ацо Ристов, за цената на топлинската енергија. (просториите на РКЕ/13:00) 

Скопје -  Црвен крст на град Скопје организира традиционална крводарителска акција, во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година и во чест на солидарноста, хуманоста и несебичноста што граѓаните ја покажаа во најтешките моменти. (Дом на АРМ – Скопје/ 09:00 -18:00) 

Скопје - Свечено испраќање на учесниците на 48. Традиционален Илинденски коњички марш, во пресрет на одбележувањето на големиот државен празник – 2 Август, Илинден во организација на Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978“. (двор на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче/18:00) 

Битола - Свечено отворање на фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ (Офицерски дом / 20:30)

Скопје - Здружението АРНО организира бесплатна онлајн работилница насловена „Google Maps за почетници“. (преку платформата Zoom/12:00) 

Гостивар - Премиера на претставата „Хауситери“ според драмскиот текст на македонскиот автор Горјан Милошевски, во режија на Игор Ивковиќ. (Гостиварски театар/20:00) 

Скопје - Прв официјален тренинг на Ракометниот клуб Вардар во салата „Расадник“ каде во иднина клубот ќе ги игра своите натпревари од домашното првенство и каде ќе тренира. (18:30, изјави за медиуми/18:15) 

______________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа