МИА Најави МКД (ДПЛ)
- Њујорк - Претседателот Стево Пендаровски и министерот за надворешни работи Бујар Османи на 78. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

18 септември 2023
Њујорк - Претседателот Стево Пендаровски и министерот за надворешни работи Бујар Османи на 78. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.
- Пендаровски ќе се обрати на лидерскиот дијалог „Зголемување на активностите на клучните транзиции за да се забрза напредокот на Целите за одржлив развој“.(Самитот за одржлив развој може да се следи преку дигиталните платформи на Обединетите нации https://media.un.org/en/webtv/schedule, https://media.un.org/en/asset/k1v/k1v85itqfp)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање. (Сала 6/11.00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за локална самоуправа. (Сала 4/13.00)
Пробиштип - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во посета на Црвен крст Пробиштип, давател на социјалната услуга помош и нега во домот. (12.00)
Скопје - Прес-конференција на министерот за економија Крешник Бектеши. (Медија центар на Влада/12.30, Прес-конференцијата на македонски јазик, Прес-конференцијата на албански јазик)
Радовиш - Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов ќе се обрати на настан во рамки на проектот „Енергетски ефикасен регион“. (ООУ „Крсте Петков Мисирков"/11.00)
Скопје - Делегација на Генералната дирекција на водостопанство на Република Туркије во посета на Министерството за животна средина и просторно планирање. (09.00)
Скопје - Отворање изложба насловена „Носталгија” на ликовниот уметник Драган Гелев. (Галерија на МКЦ/20.00)
Скопје - Промоција на поетската книга „Театар на сенки“ од Емељ Туна. (Градска библиотека „Браќа Миладиновци“/19.00)
Скопје - Промоција и разговор со словенечкиот писател Драго Јанчар во рамки на Меѓународниот книжевен фестивал „Про-за Балкан“. (книжарница „Литература.мк“/19.00)
Скопје - Тркалезна маса „Литературата како (де)конструкција на стварноста“ во рамки на 11. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан 2023“. (Europe House/20:00)
Струга - Светски сениорски екипен шампионат за ветерани за 2023 година, чија организација од страна на Светската шаховска организација (ФИДЕ) е доделена на Шаховската федерација на Македонија. (хотел Изгрев Струга)
__________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***