• петок, 12 април 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

31 март 2023

Скопје – Јавна дебата на Клубот за младински прашања и политики на Собранието. (сала „Борис Трајковски“/ 11:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за економски прашања. (Сала 6/ 11:00)

Белград – Премиерот Димитар Ковачевски и владина делегација во официјална посета на Република Србија.

- Заедничка прес-конференција на премиерите Димитар Ковачевски и Ана Брнабиќ. (линкови за следење, на македонски јазик https://www.youtube.com/watch?v=cbbfMt6eB7o и  на албански јазик https://www.youtube.com/watch?v=A1rgdtBnIUQ    / 11:30)

Скопје – Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележување на Месецот на Франкофонијата, заедно со францускиот амбасадор, Сирил Бомгартнер и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски ќе засади 10 садници во Паркот на Франкофонијата, со што и ќе се затвори Месецот на Франкофонијата. (12:00)

Скопје – Министерката за одбрана Славјанка Петровска ќе одржи брифинг со претставниците на медиумите, посветен на процесот за опремување и модернизација на Армијата.(касарна „Илинден“/ 11:00, пристигнување на медиумите пред пријавницата на касарната најдоцна/ 10:40)

Скопје -  Продолжува регионалната конференција - Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ „Гласно и храбро ги поместуваме границите“ во организација на Министерството за труд и социјална политика во соработка со Канцеларијата на UN Woman во земјава. (х. Хилтон/10:10 - 14:30, по завршување на настанот предвидени се изјави за медиуми) 

Скопје – Свечено воено одбележување на Денот на Првата пешадиска бригада (1.пбр). (касарна „Страшо Пинџур“ - Петровец/ 11:00, пристигнување на медиумите пред пријавницата на касарната најдоцна/ 10:40)

Скопје - Ветеринарната комора на Република Северна Македонија ќе го одржи 27. редовно Годишно собрание.  (во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“13:30)

-Во рамките на Собранието,  директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство д-р Николче Бабовски и извршниот директор на Ветеринарната комора на Република Северна Македонија д-р Томислав Николовски ќе ја потпишат Методологијата за утврдување на цените за активности од јавен интерес. (14:30)

Скопје – По повод Денот на правосудството, Здружението на судиите на Република Северна Македонија со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје организира Регионална конференција на тема „Да се задржи отпорноста и непристрасноста: Поглед низ призмата на Здружението на судиите“. (х. „Александар Палас“/ 12:00)

Скопје - Движењето БЕСА ќе одржи прес-конференција. (пред Министерство за правда/13:00) 

Скопје – Промоција на извештај за лекувањето на граѓаните во приватните и јавните здравствени установи, во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права. (Јавна соба/ 11:00)

Скопје - СОС Детско село организира настан во рамки на  проектот „Унапредување на системски недостатоци – Поддршка на реформите во системот за заштита на деца“ (Addressing systemic Gaps – Support to Child Welfare System Reforms). (Детско село, ул. „Финска“ бр. 131/ 17:00)

Скопје – Во рамки на проектот „Грижи се“ ќе се одржи настан на отворено: Подигнување на свеста и сензибилизација за поддршка на ранливите категории. (пред НУ Спомен куќа на Мајка Тереза/ 10:00 - 12:00)

Скопје – Митинг на Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ по повод одбележување на споменот на една година од Бучанската трагедија. (кај споменикот на Тарас Шевченко во парк „Жена Борец/ 16:30)

Скопје - Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица ТрансФормА, во рамките на кампањата за одбележување на 31 Март – Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица организира Марш за видливост на трансродовите лица. (пред Владата на Република Северна Македонија/16:00)

Скопје – Прес-конференција по повод концертите во Битола и во Скопје посветени на доајенот на македонската изворна и народна песна, Јонче Христовски. (Прес-центар на МИА, кај „Рекорд“/ 12:30)

Скопје – Изведби на детската балетска претстава „Петар Пан“. (Национална опера и балет/ 17:30 и 20:00)

Скопје – Конференција: Чувари на мудроста“, на која дел од најискусните и најпочитуваните професионалци во државата ќе говорат пред младите за значењето на професионалната надградба и кариерниот развој.  (Филхармонија на РСМ, мала сала/ 11:30 - 13:30, изјави за медиумите/ 12:30)

Скопје - Настан за млади, култура и активизам  ENGAGE Youth 2023.  (во дворот на Радио МОФ/ 13:00)

Скопје – Прес-конференција на Видеолотарија Касинос Австрија на која ќе биде потпишан договор за бренд амбасадори на Видеолотарија Касинос Австрија. (Видеолотарија Касинос Австрија, бул. „Киро Глигоров“ бр. 2, во премиум зградата „Мерцедес“, кат 2/ 13:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан