• петок, 19 април 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

31 мај 2023

Скопје - Собранието ќе ги одржи 99, 100 и 112. седница. (Сала „Македонија“/11:00, 11:10, 11:20)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала 4/10:00)

Скопје - Собраниската Комисија за финансирање и буџет ќе ги одржи 34. и 61. седница. (Сала „Борис Трајковски“/12:00 и 12:15)

 Скопје - Седница на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите. (Сала 6/13:00)

Скопје - Обраќања на претседателот Стево Пендаровски и поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ на вториот ден од 6. МЕФ Енергетскиот Форум 2023. (х. „DoubleTree by Hilton“/09:00)

Братислава - Премиерот Димитар Ковачевски  ќе се обрати на панел на тема: „Отворени патишта: Балканот се враќа во игра“ на Глобалниот безбедносен форум Глобсек 2023 во Братислава(10.30/

Видео од обраќањето на премиерот Ковачевски на Форумот на ГЛОБСЕК 2023 во Братислава на македонски јазик
Видео од обраќањето на премиерот Ковачевски на Форумот на ГЛОБСЕК 2023 во Братислава на албански јазик

Скопје - ЕУ и Советот на Европа, во рамки на заедничкиот проект „Борба против омразата и нетолеранцијата“ организираат конференција „Општество без омраза; заедничка заложба и заедничка цел“ на која ќе ја промовираат Препораката на Комитетот на министри на Советот на Европа за борба против говорот на омраза, а предвидено е и обраќање на вицепремиерката за политики за добро управување Славица Грковска. (хотел „Хилтон“ – Скопје/10.00

Скопје – Министерот за здравство Фатмир Меџити ќе присуствува на 3. Национален форум за здравство – „Здравствена правичност, кохезија и отпорност во Северна Македонија: кон трансформација на здравствениот систем“. (х. „Александар Палас“/ 09:30-13:30, изјави на министерот и на претставничката на СЗО се планирани во 10:30)

Струмица - Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова  ќе се обрати на отворањето на работилницата „Искуства и предизвици од имплементација на законите за посебни текови и управување со отпад“. (х. „Сириус“/ 10:00, изјави за медиумите се предвидени во 09:50)

Скопје - Уставниот суд ќе ја одржи 21. седница. (Уставен суд/09:30)

Кавадарци - Трибина на ВМРО-ДПМНЕ на тема „Политики за развој енергетскиот сектор“ на која ќе се обратат лидерот на партијата Христијан Мицкоски, партиската потпретседателка Гордана Димитриеска Кочоска, претседателите на комисиите за животна средина и за енергетика на партијата Даме Димитровски и Елена Маркова-Велинова и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. (Градски плоштад во Кавадарци/18:00)

Скопје – Прес-конференција на портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ (Прес-центар на Левица/11:30)

Охрид – Медиумски настан на ТАВ Македонија по повод одбележување на двете нови сезонски авиолинии од Манчестер и од Лондон со ТУИ Ервејс Велика Британија. (на аеродромот „Свети Апостол Павле“ Охрид/ 9:55, слетување на првиот авион на ТУИ ервејс од Манчестер – аеродромска платформа/ 10:15, Церемонија за добредојде – воден мост, пречек на патници, сечење лента, фотографирање – аеродромска платформа/ 10:20, обраќања на Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, на генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт и на извршниот директор на ТУИ Ервејс Велика Британија за скијање, езера и планини, Крис Логан во ВИП салон/ 11:10 – 11:30)

Охрид – Дводневна Годишна конференција на Здружението за трудово и социјално право на Северна Македонија на тема: „На преминот помеѓу постоечкото и новото работно законодавство во Северна Македонија – премногу рано или премногу доцна. (х. „Метропол“/ 10:00)

Скопје – Дебата на Европското движење (ЕММК) од циклусот настани Кафе Европа на тема „Локални иницијативи за глобални чекори“. (во кафулето „Тренд“ на плоштад „Македонија“/ 11:00 – 13:00)

Скопје – Сесија за размена на искуства на ОН со младински професионалци за животна средина во Северна Македонија. (во Нетавил/ 16:30 - 17:30)

Скопје – Обука на тема: ,,Правата од интелектуална сопственост и вашиот бизнис” во организација на Фондација за Менаџмент и индустриско истражување преку Enterprise Europe Network а во соработка со Советот за женско претприемништво на Град Скопје. (Совет на Град Скопје, барака 2, во Малата сала/ 11:00 – 13:30

Скопје – Конференција „Кршење на табуата: Менструална правда за сите!“ (х. „Холидеј Ин/ 10:00 – 16:30

Скопје – Промоција на Речникот на медиумската писменост во организација на Институтот за комуникациски студии. (КИЦ/ 12:00)

Скопје – Омаж по повод годишнините од раѓањето или смртта на проф. Милош Константинов, 30 години од смртта, Ангелина Крстева, 10 години од смртта и проф. Крсте Богоески, 80 години од раѓањето. (во просториите на Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ/ 11:00) 

Скопје – Проекција на претставата Донка – Писмо до Чехов на Даниеле Финци Паска и неговата трупа. (Кинотека на Северна Македонија/ 19:00)

Скопје - Гала филмска вечер со премиерата на францускиот филм „Ноќта на 12-ти“ организирана од Амбасадата на Франција во Северна Македонија и Францускиот институт во Скопје. (кино „Милениум“, ГТЦ, кат 1/ 20:00)

Скопје – Со проекција на култниот филм „Ради Радови“ на Желимир Жилник Кинотека го отвора Летното кино. (Кинотека на Северна Македонија. 21:00)

Скопје – Средба на писателот Владо Јаневски со читателите. (во книжарницата „Литература.мк“ на ул. „Македонија“/ 19:00)

Скопје – Промоција на книгата „Излегувањето од сенка“ од Дијана Петрова. (ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, во спомен-собата „Т’га за југ“/ 19:00)

Скопје – Промоција на книгата „Витаминот Д и респираторното здравје“ од докторките Татјана Јаќовска и Весна Мицевска. (Матица македонска/ 18:00)

Скопје – 40-годишен ретроспективен опус на Владимир Темков. (Чифте амам/ 20:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан