• понеделник, 11 декември 2023
МИА Најави МКД (ДПЛ)

23 септември 2023 

Скопје - Прес-конференција на претставници на албанската опозиција (Пред канцеларии на ЕУ /11:30)

Скопје - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на општина Брвеница, Јовица Илиевски, во рамките на активноста „Ова е Македонија за сите“, ќе извршат увид на градежни активности, по што ќе следи изјава на Мицкоски (https://www.google.com/maps/place/41.965906,20.982312/@41.965906,20.982312,18z /12:30)

Скопје - Еднодневна манифестација „Ден на органско производство и форум за еко туризам преку регионални практики“ во организација на Здружението на граѓани за екологија, туризам, органско производство и истражувачка дејност „Еко Партнерс“. (нас.Ѓорче Петров до новата општинска зграда/18:00)

Штип - Oдделот за Фармација при Факултетот за медицински науки на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип  организира  симпозиум со меѓународно учество „Фармацевтска грижа, актуелности, можности, предизвици“. ( Мултимедијален центар на УГД/9:30, изјави за медиумите/11:00)

Битола - Почнува 44. издание на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“. (Центар за култура - Битола 20:00) 

Битола - Отворање на изложбата „Неоматеријални изрази“. (НУ Завод и музај,мала сала/18:30)  

Скопје - „BeActive Day“ исполнет со различни физички активности за сите генерации. (Парк на „Франкофонија“ /10:00)

Скопје - 13. издание на фестивалот на нова музика ЗДРАВО МЛАДИ. (МКЦ/20:00)

Нови Сад - Концерт на камерниот оркестар „Профундис“ и виолинистката Ирина Мурезану. (Синагога/20:00)

Скопје - Стенд ап настап на Бојан Велевски. (Парк „Македонија“, кај Домот на култура „Билјана Беличанец“, Кисела Вода/20:00)

Струга - Завршен настан од европскиот проект „Зелен Кајак“, под мотото „Биди Еко-спортист, придонеси природата да расне!“ со еколошка работилница во организација на Кајак кану клубот ДРИМ од Струга. (Машка плажа/10:00)

______________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

Остани поврзан