• сабота, 09 декември 2023

Мекарти најави дека нема да се кандидира повторно за претседател на американскиот Претставнички дом

Мекарти најави дека нема да се кандидира повторно за претседател на американскиот Претставнички дом

Вашингтон, 4 октомври 2023 (МИА) -  Напорите на пратеникот Мет Гејц да го собори претседателот на Претставничкиот дом, Кевин Мекарти завршија синоќа успешно - и за првпат во историјата на САД, претседател на Претставничкиот дом е соборен од функцијата.

„Можеби го изгубив ова гласање денеска, но додека излегувам одовде се чувствувам среќен што служев“, рече Мекарти на прес-конференција. „Не би менувал ништо“.

Мекарти ја префрли вината за неговото отстранување од говорницата директно на Гејц.

„Видете, сите го знаете Мет Гејц. Знаете дека тоа беше лично. Немаше никаква врска со трошењето“, рече Мекарти, додавајќи: „Се беше за да се добие внимание од вас“.

По пребројувањето на гласовите, Мекарти јасно стави до знаење дека нема да се обиде повторно да се кандидира за највисоката лидерска позиција во Претставничкиот дом.

„Нема да се кандидирам повторно за спикер. Републиканската конференција да избере некој друг“, рече Мекарти на прес-конференцијата. зш/

Остани поврзан