• петок, 19 април 2024

МВР: 249 санкции за брзо возење

МВР: 249 санкции за брзо возење

Скопје, 3 февруари 2023 (МИА) - На територијата на Република Северна Македонија вчера се санкционирани 249 возачи поради управување возило со брзина поголема од дозволената.

Од нив четири возила се движеле со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 161 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 88 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан