• среда, 17 април 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 21 мај 2013 (МИА) - На 20.05.2023 во утринските часови во координирана и заедничка акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со дрога, Специјалната антитерористичка единица Тигар, СВР Штип, ОВР Кочани, ОВР Берово и СВР Струмица сузбија криминална организирана група која препродавала кокаин, амфетамин и марихуана на подрачјата на Штип, Кочани, Виница и Берово. Криминалната група подолг период работела на препродажба на наркотични дроги на овие подрачја и имала логистичка поддршка од полициски службеник од ОВР Берово, кој им помагал со давање информации. Во текот на криминалистичкото истражување во април и мај 2023 година веќе биле обезбедени докази и биле запленети марихуана и амфетамин за што кривично се процесуирани две лица во Скопје и едно во Виница, кои издржуваат мерка притвор. Инаку, вчера со судска наредба биле извршени претреси на осум локации на наведените подрачја. Кај лицето Б.И.(38) од с.Грдовци биле пронајдени околу 10 килограми марихуана, амфетамин, дигитална вага, повеќе мобилни телефони и патничко возило кое го користеле за препродавањето на дрогата. Кај лицето Н.Ј.(49) од с.Чифлик била пронајдена марихуана. Кај К.М.(37) од Кочани била пронајдена марихуана и мобилни телефони. Претреси биле извршени и кај лицата К.К.(44) од с.Чифлик, Г.А.(43) од Виница, Х.М.(22) од с.Банско и С.П.(35), кај кого биле пронајдени марихуана, кокаин и дигитална вага. Исто така, во координација со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, бил извршен претрес и во домот на полицискиот службеник А.К.(38) од Берово и биле одземени три мобилни телефони и два компјутери. Лицата се лишени од слобода и во координација со јавен обвинител против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

На 21.05.2023 во 00.10 часот на ул.„Коста Шахов“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје. Тој бил затекнат при извршување тешка кражба во подрумски простории од куќа сопственост на Л.Т.(62) од Скопје, при што одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

На 20.05.2023 во 13.30 часот на регионалниот пат Битола-Прилеп, во близина на с.Лагово, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода М.А.(42), А.Р.(22) и Ќ.Ш.(41), сите од Прилеп. Тие се сомничат дека од кругот на црквата „Св.Никола“ во с.Воѓани, општина Кривогаштани, одзеле повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 20.05.2023 во 17.40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода П.К.(25) од Кавадарци. Тој се сомничи дека околу 15.00 часот во с.Возарци физички го нападнал Д.Д.(47) во неговиот дом и му одзел пари и лични предмети. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 20.05.2023, полициски службеници од СВР Охрид извршиле службен разговор со С.П.(44) од Охрид. Таа се сомничи дека околу 09.15 часот извршила кражба во фризерски салон во Охрид, при што одзела еден предмет. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 21.05.2023 во 03.30 часот во угостителски објект на подрачје на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода И.Ј.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 21.05.2023 во 03.30 часот во угостителски објект на подрачје на Карпош, полициски службеници го лишиле од слобода Д.К.(30) од Виница затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.   

На 21.05.2023 во 00.30 часот во угостителски објект на подрачје на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода А.К.(36) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.   

На 21.05.2023 во 01.40 часот во угостителски објект на подрачје на Карпош, полициски службеници го лишиле од слобода Е.А.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 21.05.2023 во 03.00 часот во угостителски објект во Охрид, полициски службеници од СВР охрид го лишиле од слобода Ж.Р. (32) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.   

На 21.05.2023 во 00.00 часот на подрачје на Бит Пазар, полициски службеници го лишиле од слобода А.А.(40) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.   

На 20.05.2023 во 23.45 часот на  ул.„Трескавец“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.Ј.(26) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.   

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 136 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53 санкции, 12 санкции за управување возило под дејство на алкохол, четири мерки за возење без возачка дозвола. Изречени се пет санкции за некористење сигурносен појас при возење, пет мерки за користење мобилен телефон при возење...

Во текот на изминатата вечер  (20/21.05.2023) во периодот од 23.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 19 возачи, кои биле исклучени од сообраќај. За време на контролата биле санкционирани и 24 други видови прекршоци.

На 20.05.2023 околу 13.25 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на магистралниот пат Прилеп-Росоман, кај место викано „Карпачов камен“ на Плетвар, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген крафтер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.М. од с.Арачиново, скопско и мотоцикл „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(28) од Прилеп. Во несреќата, од здобиените повреди мотоциклистот Д.Н. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила екипа од ОВР Прилеп, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.     

На 20.05.2023 во 13.55 часот  во ОВР Ресен било пријавено дека на место викано „Суво Поле“ во Нацинален парк „Галичица“, Ф.М.М.Д.(30) од Данска, управувајќи четирицикл со охридски регистарски ознаки на земјен пат, изгубил контрола и паднал. Во несреќата, Ф.М.М.Д. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен.    

На 20.05.2023 во 23.55 часот во СВР Струмица, В.Р.(67) од Струмица пријавил дека на ул.„5 Ноември“ во Струмица бил каснат од куче скитник.

На 20.05.2023 во 22.00 часот во Полициската станица Чаир, С.М.(58) од Радишани, скопско, пријавила дека на ул.„8“ во Радишани била касната од куче скитник.

На 20.05.2023 во 13.44 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Д.М.(73) од с.Ново Село, општина Ѓорче Петров, пријавил дека на ул.„Лука Геров“ бил каснат од куче скитник. нд/

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан