• среда, 24 април 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 1 јуни 2023 (МИА) - На 31.05.2023 во 19.10 часот на крстосница од булевар „Македонски просветители“ со улица „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода С.Н.(54) од Охрид. Тој, откако ги забележал полициските службеници, фрлил пакување со кафеава прашкаста материја и се обидел да ја уништи. Од него било одземено ќесе со траги од кафеава прашкаста материја. Подоцна, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени дигитална вага и повеќе предмети со траги од кафеава прашкаста материја. С.Н. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.05.2023 во 20.45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 31.05.2023 во близина на место викано „Стари касарни“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода А.Ј.(26), М.Т.(26) и еден малолетник, сите од Битола, затоа што кај нив била пронајдена  и одземена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во текот на вчерашниот ден (31.05.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 218 возачи. Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 163 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 55 надвор од населено место.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (31.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 183 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 55 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, 10 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, девет мерки за непрописно престројување на возила...

Вчера  (31.05.2023) на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 58 возачи . Од вкупно 58 возачи ,42 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 16 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

На 31.05.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 7 прекршоци сите во населено место. Санкционирани биле и 20 други видови на прекршоци, од кои, 5 за управување возило без возачка дозвола, 1 за возач почетник, 3 за нерегистрирано возило, 1 технички неисправно возило, 2 за управување возило под дејство на алкохол, 3 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон, 1 за некористење заштитна кацига и 3 за непрописно паркирање.

На 31.05.2023 во 18.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на село Издеглавје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „фиат дукато“ со струшки регистарски ознаки, управувано од В.С.(37) од Вевчани и патничко возило „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(60) од селото Палатица, општина Желино. Притоа, од здобиените повреди на местото починал возачот на патничкото возило М.Ј., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Возачот В.С. и сопатничката во патничкото возило, Н.Б.(47) од тетовското село Голема Речица се здобиле со тешки телесни повреди, додека Х.Б.(21) од село Голема Речица, сопатник во возилото „фолксваген“ се здобил со телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.  Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

На 31.05.2023 во 18.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Скопје – Тетово, кај клучка Групчин, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.М.(20) од с.Морани, скопско, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници Х.М.(46) и Е.С.(51), двајцата од с.Морани, а З.М и уште двајца сопатници се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.  

На 31.05.2023 во 12.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на ул.„Беличица“ во Гостивар, патничко возило „сеат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Ш.(66) од с.Лакавица, гостиварско, удрило во пешакот Л.И.(70) од Гостивар. Во несреќата, Л.И. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

На 31.05.2023 во 18.00 часот во Полициската станица Аеродром, Н.П.(53) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.  цр/

Фото:МИА

 

 

 

Остани поврзан