• четврток, 25 април 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 1 април 2023 (МИА) - На 31.03.2023 на Граничен премин Табановце од страна на полициски службеници од Полициска станица Табановце е извршен преглед на патничко возило „порше кајен“ со романски национални ознаки, управувано од Ј.О.(60) од Република Турција. При прегледот во возилото се пронајдени и одземени непријавени парични средства во износ од 31.000 евра. Паричните средства се предадени на Царинска управа, а лицето е предадено и задржан за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.Во текот на вчерашниот и денеска (31.03. и 01.04.2023) во Гостивар, полициски службеници од Полициска станица Гостивар ги лишиле од слобода С.А.(32) и З.С.(26), двајцата од Гостивар и М.А.(37) од с.Србиново, гостиварско. За трите лица биле издадени судски наредби со кои се барале за издржување на казни затвор, поради сторени кривични дела „кражба“, казниви по чл. 235 од Кривичниот законик. Лицата се спроведени и предадени во Казнено поправна установа Затвор Тетово за издржување на затворските казни.На 31.03.2023 во 14.30 часот на ГП Табановце, при влез во државата, полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Север – Полициска станица Табановце е лишен од слобода С.Ј.(51) од Скопје. При извршена дополнителна контрола на лицето, пронајдени се и одземени 1.120 парчиња различни видови монети. Со него бил извршен службен разговор во кој тој појаснил дека монетите му биле испратени по карго, по претходен договор со лица во Република Србија, од каде отишол да ги земе. Лицето е предадено на полициски службеници во Полициска станица Куманово за понатамошна постапка, а по документирање на случајот ќе следува поднесок.На 31.03.2023 во 20.55 часот на бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(43) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор од две години за сторено кривично дело „кражба“ по  член 235 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во надлежната казнено-поправна установа за  издржување на казната.На 01.04.2023 во 01.15 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода В.Д.(37) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.На 01.04.2023 во 01.15 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.Р.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.На 01.04.2023 во 00.50 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода М.Ј.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.На 01.04.2023 во 02.30 часот пред угостителски објект на подрачјето на Аеродром, полициски службеници го лишиле од слобода М.Д.(45) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (31.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 45 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, две санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), две санкции за возачи почетници...На 31.03.2023 околу 06.55 часот на крстосница од ул.„Горно Лисиче“ и ул.„Лисец“ во населба Горно Лисиче, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“, управувано од А.К.(24) од Скопје и патничко возило „фиат“, управувано од С.К.(33) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата возачот А.К. се здобил со тешки телесни повреди, а возачот С.К. и неговите сопатнички М.К.(31) и две малолетни женски лица, сите од Скопје, се здобиле со телесни повреди, констатирани  во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.На 31.03.2023 во 20.50 часот во Полициска станица Центар, О.Е.(41) од Скопје пријавила дека во близина на маркет на подрачје на Центар била касната од куче чиј сопственик била Н.Н.. По документирање на случајот против сопственичката ќе следува поднесок.Во текот на вчерашниот ден (31.03.2023) во периодот од 14.00 до 22.00 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола во делот на сообраќајот на териториите на СВР Тетово и СВР Охрид. При контролата санкционирани се 34 возачи, од кои 26 за возење повеќе од дозволената брзина, две мерки за возење без возачка дозвола... Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.На 31.03.2023 во 17.50 часот на регионалниот пат Гостивар - с.Чегране, кај  с.Чајле, гостиварско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од Џ.И.(28) од с.Форино, гостиварско и мопед управуван од М.Р.(18) од Гостивар, двете со гостиварски регистарски ознаки. Во несреќата возачот на мопедот М.Р. и неговата малолетна сопатничка од Гостивар се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар Гостивар. По насока на Јавен обвинител увид извршила екипа од СВР Тетово.На 31.03.2023 во 19.30 часот во Полициска станица Аеродром, Р.Ѓ.(72) од Скопје  пријавила дека на бул. „АСНОМ“ била касната од куче скитник.На 01.04.2023 во 01.30 часот на ул.„1“ во село Булачани, скопско, А.А.(22) од Скопје, кој управувал патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола, излегол од коловозот и удрил во ограда. Во несреќата А.А. се здобил со телесни повреди, а неговиот сопатник К.М.(24) од Скопје со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.На 31.03.2023 во 14.45 часот во Полициска станица Карпош, С.В.(69) од Скопје пријавила дека на ул. „Франц Месеснел“ била касната од куче скитник. миа/миа/

Остани поврзан