• среда, 29 ноември 2023

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 23 септември 2023 (МИА) - На 22.09.2023 околу 12.00 часот во с.Арачиново, Скопско, полициски службеници од Полициското одделение Арачиново и Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода Е.Б.(28) од с.Арачиново.

Тој се сомничи дека на 21.09.2023 изршил тешка кражба во сендвичарница, дека на 14.09.2023 извршил тешка кражба во куќа во с.Арачиново и дека одзел патничко моторно возило. Со него бил извршен разговор во полициска станица, при што ги признал делата.

Кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, а при лишувањето кај него, исто така, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 22.09.2023 во 23.00 часот на ул.„Јане Сандански“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.А.(38) од Прилеп. Тој бил затекнат при извршување кражба во соблекувална на спортска сала на основно училиште.

Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопствениците. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.    

На 23.09.2023 околку 02.25 часот во Градски парк на подрачје на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.И.(32) од Република Србија затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 22.09.2023 во 23.45 часот на подрачје на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ѓ.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.  

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 22.09.2023 16.40 часот на подрачје на Бит-пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Р.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 22.09.2023 во 20.50 часот во с.Сарај, Скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.П.(45) од с.Сарај затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

 По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 22.09.2023 во 12.40 часот во Старата прилепска чаршија во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Р.Р.(51) и З.З.(41), двајцата од Прилеп.

При преглед кај нив, кај лицето Р.Р. била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 22.09.2023 во 18.10 часот на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода В.Г.(37) од Битола, И.Ѓ.(37) од Битола,  Б.С.(21) од Прилеп, В.А.(21) од Прилеп и Ф.З.(19) од Прилеп бидејќи биле затекнати како користат марихуана, односно дека И.Ѓ. им овозможува на останатите лица да користат марихуана.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 22.09.2023 во 20.00  часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.Р.(37) од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (22.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за управување возило под дејство на алкохол. Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло...

Полициски службеници од СВР Тетово, вчеравечер и ноќеска (22/23 септември) од 21 до 03.00 часот спровеле акциска контрола на возачи - дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол.

При контролата откриени и законски санкционирани биле вкупно шест возачи (ТЕ-3 и ГВ-3), кај кои било утврдено присуство на алкохол во организмот. Сите се исклучени од сообраќај, изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со парични глоби од 225 до 375 евра во денарска противвредност.

Покрај ова, тие ќе се соочат и со мерка - времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година. При контролата биле санкционирани и 17 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-10 и ГВ-7).

На 23.09.2023 во 05.59 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот од Битола кон граничен премин Меџитлија, после крстосницата со локален пат за с.Бистрица, патничко возило „мицубиши“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(57) од Битола, излетало од патот.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.С.(57) од Битола, додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Битола.  Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Битола.  

На 22.09.2023 во 21.40 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци - Прилеп, кај место викано „Дреновска спирка“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(44) од с.Долно Лакочереј, Охридско, и патничко возило „фиат уно“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.А.(53) од с.Дреново, Кавадаречко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот К.А., додека со телесни повреди се здобиле возачот Д.С., сопатникот во неговото возило З.А.(46) од с.Велгошти, Охридско, и сопатничката во возилото „фиат“, Ж.Б.(44) од с.Ваташа, Кавадаречко, констатирани во болницата во Кавадарци. Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Кавадарци.

На 21.09.2023 околу 20.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Струга, малолетник од с.Радолишта, Струшко, управувајќи мотоцикл „пиаџо“ со струшки регистарски ознаки, удрил во малолетничка - пешак од Струга.

Во несреќата малолетничката се здобиола со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на место на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Струга.    

На 22.09.2023 во 17.00 часот во Полициската станица Бит-пазар, Т.Л.(19) од Скопје пријавила дека на ул.„Благоја Паровиќ“ била касната од куче скитник.

На 22.09.2023 во 12.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, С.Б.(38) од Скопје пријавила дека на ул.„Методија Шаторов Шарло“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 22.09.2023 во 15.10 часот во Полициската станица Аеродром, Б.А.(22) од Скопје пријавил дека на кеј на Вардар бил каснат од куче скитник.хс/

Фото: МИА архива 
 

Остани поврзан