• четврток, 28 март 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

6 јуни 2023

На 05.06.2023 во 19.20 часот на регионалниот пат Удово - Демир Капија, кај место викано „Раскрсница Удово“, полициски службеници  од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица ги лишиле од слобода М.С.(22) од с.Желино, тетовско и А.Џ.(20) од Тетово. А.Џ. се сомничи дека со патничко возило „мерцедес“ со словачки национални ознаки, превезувал 10 лица мигранти од Сирија, а М.С. со патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки бил претходница на возилото на А.Џ.. Имено, околу 16.20 часот на автопатот А1, кај клучка Смоквица, полициски службеници дале знак за запирање на возилото „мерцедес“ со словачки национални ознаки, но возачот не застанал и продолжил со движење. Набргу, кај место викано „Раскрсница Миравци“ возачот изгубил контрола, излетал од коловозот, по што побегнал. Притоа, во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија, кои биле смeстени во Прифатно – транзитен центар Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка. По преземени мерки, во 19.20 часот кај Удово, лицата биле пронајдени и лишени од слобода, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.06.2023 во 21.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Д.(18) од Велес. Тој се сомничи дека истиот ден од патничко возило „фиат пунто“ со кавадаречки регистарски ознаки одзел повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициската станица во Велес. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 06.06.2023 во 01.45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.П.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 05.06.2023 во 20.15 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Во текот на вчерашниот ден (05.06.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 186 возачи. Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 109 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (05.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 47 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, 14 санкции за непрописно престигнување и обиколување, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила...

На 05.06.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 15 прекршоци, од кои 10 надвор од населено место и 5 во населено место. Истиот ден во периодот од 08.00 до 12.00 часот била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат товарни возила, од кои 5 биле упатени во станица за технички преглед. За време на контролата биле констатирани 4 прекршоци.
Санкционирани биле и 14 други видови на прекршоци, од кои 4 за управување возило без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 6 за некористење сигурносен појас, 1 за некористење сигурносен појас и 1 за непрописно паркирање.

На 05.06.2023 вo 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 15.15 часот на ул.„Лука Геров" во Скопје патничко моторно возило удрило во  малолетник и го напуштило местото. Малолетникот се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Комплексот клиники „Мајка Тереза". Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.06.2023 во 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Војвода Васил Чакаларов" во Скопје, патничко моторно возило „мерцедес" со скопски регистарски ознаки управувано од С.И.(58) од Скопје удрило во велосипед, управуван од Б.К.(59) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.К., констатирани во Градска општа болница „8 Септември". Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
 
На 05.06.2023 во 14.58 часот во ОВР Струга било пријавено дека на локалниот пат од с.Радолишта кон с.Калишта, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички моторни возила со струшки регистарски ознаки, „бмв" управувано од А.К.(26) од с.Радолишта и „голф" управуван од У.У.(60) од с. Франгово. Во несреќата, возачот У.У. се здобил со тешки телесни повреди, додека А.К. се здобил со телесни повреди констатирани во Медицински центар Струга. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.

 На 05.06.2023 во 13.50 часот во Полициската станица Аеродром, С.Б.(50) од Скопје пријавила дека на бул.„Кузман Јосифоски-Питу“ била касната од куче скитник.

На 05.06.2023 во 12.30 часот во Полициската станица Драчево, Т.З.(64) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ бил каснат од куче скитник.

На 05.06.2023 во 11.35 часот во Полициската станица Чаир, А.Р.(54) од Скопје пријавил дека на ул.„Босна и Херцеговина“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник. 

 

Остани поврзан