• понеделник, 16 јуни 2025

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 16 мај 2025

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.И.(29) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”. На 01.05.2025 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга. 

СВР Штип поднесе кривична пријава против О.С.(42) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука“. На 09.04.2025 во Виница, иако имал привремена забрана да се приближува на растојание помало од 100 метри до жена од Виница, тој со возило бил паркиран пред нејзината куќа, а откако го пријавила во ОВР Виница, избегал од местото.

СВР Битола  поднесе кривична пријава против Б.У.(18) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На  30.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.А.(38) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие’’. На 05.04.2025 во Тетово, пријавениот агресивно се однесувал и попречувал полициски службеници при извршување службено дејствие.

СВР Битола поднесе кривична пријава против З.К.(36) од Кривогаштани, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Кај пријавениот, кој е на издржување казна затвор во Казнено -  поправната установа Затвор Битола, бил извршен преглед, при што биле пронајдени и одземени амфетамин и метамфетамин. 

СВР Битола поднесе кривична пријава против П.Ј.(69) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле 15 пушки, шест пиштоли, два револвери, 363 парчиња муниција од различен калибар, различни делови од оружје и барут.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Х.(70) од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. На катастарска парцела во Тетово во државна сопственост, пријавениот изградил објект без да поседува соодветна дозвола за градење издадена од надлежен орган.  

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ѓ.М.(55) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”. На 29.04.2025 во Кратово, пријавената упатувала закани кон Т.Н. - градоначалник на општина Кратово.

На 15/16.05.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода К.Ѓ.(47), С.М.(18), двајцата од Скопје, С.И.(50) од с.Страчинци, скопско и Л.Д.(23) од Косово, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и кафеава грутчеста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци. 

На 15.05.2025 околу 10.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, А.Н.(18) од Куманово, управувајќи мопед „кимко“ со кумановски регистарски ознаки, изгубила контрола и удрила во бетонска жардиниера. Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.

На 15.05.2025 во 19.00 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на влез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Е.Ј.(21) од Република Турција, затоа што при гранична контрола било констатирано дека евидира со мерка „апси“, по барање на СВР Штип. Тој е задржан за понатамошна постапка. 

На 15.05.2025 во 18.00 часот на локален пат од с.Слепче кон манастир Св.Јован Претеча, демирхисарско,  полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода Н.Б.(35) и И.Ч.(39), двајцата од Република Бугарија. При преглед на патничко возило „форд транзит“ со бугарски национални ознаки, во кое биле двајцата, Н.Б. фрлил пакување во кое имало марихуана и бела грутчеста материја. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 15.05.2025 во 13.18 часот во СВР Скопје, А.С.(47) од Скопје пријавил дека во неговиот двор на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје пронашол експлозивна направа. Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба излегле на местото и било констатирано дека се работи за рачна бомба, стар модел, која била кородирана. Известена била и Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при МВР.  

На 15.05.2025 полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Љ.(47) од с.Блаце, скопско. Околу 12.15 часот во с.Чучер Сандево, тој со патничко возило „фолксваген венто“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешак - малолетничка од с.Чучер Сандево. Во незгодата, малолетничката се здобила со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. При вршење на увидот било констатирано дека во возилото превезувал огревно дрво без документација, кое било одземено. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15.05.2025  во 23.15 часот во СВР Скопје, Ф.А. пријавил дека на  влезот  на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, едно лице со закана со остар предмет му го одзело паричникот со пари и лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 15.05.2025 во 09.51 часот во  СВР Скопје било пријавено дека во с.Св.Петка, општина Сопиште, била опожарена базна станица на мобилен оператор. Пожарот сам се изгасил, а повредени лица нема. Увид извршила екипа на СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот. 

На 15.05.2025 во Полициска станица Гази Баба, Х.И.(24) од Скопје пријавил дека во домот се вратила неговата сопруга Ј.И.(19), која има здравствени проблеми, а за која тој на 07.05.2025 пријавил дека се оддалечила од домот. 

На 15.05.2025 во 11.25 часот во СВР Скопје, 72-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 9.700 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка и нејзиниот зет  предизвикале сообраќајна несреќа во која прегазиле дете и доколку не сака тие да лежат во затвор требало да плати. Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 15.05.2025 во 12.30 часот во СВР Скопје, Е.А.(20) од с.Глумово, скопско, пријавил дека околу 12.05 часот во с.Сарај, скопско, додека извршувал работни задачи како вработен во ЕВН Македонија, бил физички нападнат од едно машко лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 15.05.2025 во 13.15 часот во Полициската станица Карпош, од Јавната установа за згрижување деца било пријавено дека бил пронајден нивниот штитеник Р.Џ.М., за кого на 14.05.2025 беше пријавено дека се оддалечил од установата. миа/миа/

фото: МИА архива

Остани поврзан