• вторник, 23 април 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 8 јуни 2023 (МИА) - На 07.06.2023 во 22.00 часот на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари го лишиле од слобода А.С.(26) од Скопје бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 07.06.2023 во 21.20 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Г.(29) од Скопје бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 07.06.2023 во 21.30 часот во Куманово, стои во денешното соопштение од МВР, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Г.(31) од Свети Николе затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 07.06.2023 во 23.10 часот во угостителски објект на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода П.С.(38) од струшкото село Долна Белица затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него  ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 07.06.2023 во 21.40 часот на улица „Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го лишиле од слобода К.Л.(52) од Струга. При преглед во патничко возило, во кое бил К.Л., била пронајдена и одземена  бела прашкаста материја. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него  ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 07.06.2023 во 16.15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.С.(28) од Кочани. Тој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Кочани за издржување мерка притвор. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за издржување на мерката притвор.

Во текот на вчерашниот ден (07.06.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 245 возачи. Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 160 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 85 надвор од населено место.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (07.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 41 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за прекршоци што ги прават пешаците. Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за некористење сигурносен појас...

На 07.06.2023 во 14.00 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на крстосница од улиците „Фемо Кулаков“ и „Владо Арсов Шпанац“ во Неготино се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.Д.(28) од Кавадарци и товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.П.(26) од Неготино. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Л.П. констатирани во Општа болница Кавадарци. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино.

На 07.06.2023 во 17.30 часот во ОВР Гостивар, В.И.(31) од Гостивар пријавил дека на работното место во асфалтна база на магистрален пат Гостивар-Кичево бил каснат од куче скитник. цр/

Фото:МИА

 

 

 

Остани поврзан