МВР Билтен
- На 29.09.2023 во 12.50 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.А.(30) и С.А.(27) двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

Скопје, 30 септември 2023 (МИА) - На 29.09.2023 во 12.50 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.А.(30) и С.А.(27) двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 29.09.2023 во 18.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Б.(43) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 30.09.2023 во Радовиш полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш извршиле контрола во повеќе угостителски објекти на подрачјето на Радовиш. При контролата во еден угостителски објект било констатирано присуство на малолетно лице после 24.00 часот, кое било послужено со алкохол. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 29.09.2023 во 20.00 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, на излез од државата, при извршена проверка на С.Б.(54) од Р.Турција било констатирано дека нему му било издадено решение за напуштање на Република Северна Македонија најдоцна до 12.08.2023. Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции за понатамошна постапка.
На (29.09.2023) полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, по преземени мерки и активности на ул.„Срем“ во Битола го пронашле патничкото возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, за кое што на 27.09.2023 В.Т.(30) од с.Логоварди, битолско, пријавил дека му било одземено. Возилото од страна на полициските службеници е вратено на сопственикот.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (29.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 155 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 11 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, по пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло и за возење под дејство на алкохол, девет мерки за некористење на сигурносен појас, три санкционирани мотоциклисти...
На 29.09.2023 во 22.50 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Борис Сарафов“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“, управувано од Р.И. од с.Љубин, скопско и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од М.Љ. од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило „сеат“, А.И., а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничка од возилото „фолксваген голф“, И.И., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 29.09.2023 во 20.15 часот било пријавено дека на патот с.Соколарци-с.Жиганци, кај место викано „Долченица“, патничко возило удрило во велосипед управуван од Н.А.(52) од с.Соколарци и го напуштило местото на несреќата. Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.09.2023 во 20.00 часот било пријавено дека на ул.„7 Септември“ во Кавадарци, мопед „лонгија“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од О.Г.(39) од Кавадарци, паднал на коловозот. Во несреќата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.
На 29.09.2023 во 18.45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Дреново-Кавадарци, поточно кај место викано „Лазов мост“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, патничко возило „мини купер“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(25) од с.Воѓани, прилепско и трактор со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(62) од Кавадарци. По несреќата, возачот на товарното возило го напуштил местото, но по кратко време бил пронајден од полициските службеници и лишен од слобода, при што било констатирано дека станува збор за К.А.(47) од Р.Албанија, со престој во Кавадарци. Во несреќата возачот на тракторот се здобил со тешки телесни повреди, а возачот С.Б. со телесни повреди, констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.Ц.(44) од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. На 13.09.2023 пријавениот, од реон на Гевгелија со товарно возило прифатил 20 илегални мигранти, по што во близина на наплатната станица Смоквица бил сопрен од полициски службеници и при извршен преглед во багажниот простор биле затекнати 19 мигранти од Сирија и еден од Ирак. ев/