• петок, 19 април 2024
МВР Билтен

Скопје, 10 јуни 2023 (МИА) 

На 09.06.2023 во 18.30 часот на ул.„Манапо“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.(68) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 18.10 часот на ул.„Мраморец“ со закана со остри предмети од 17-годишно девојче од Скопје одзел чанта. Кај него биле пронајдени острите предмети и одземеното. Лицето било задржано во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.     

На 08.06.2023 во 16.10 часот на крстосница од бул.„Гоце Делчев“ со ул.„Лазар Личеноски“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.О.(34) од Скопје. Тој се сомничи дека претходно со употреба на сила влегол во куќа на подрачје на Центар, при што одзел пари и други предмети. Тој бил задржан во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. На 09.06.2023 тој бил изведен пред судија на претходна постапка кој му одредил мерка притвор.   

На 09.06.2023 во 16.55 часот во Кочани, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при Полициската станица Кочани го привеле И.Р.(36) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

На 10.06.2023 во 03.10 часот на подрачје на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.С.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 09.06.2023 во 14.00 часот на подрачје на Аеродром, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода А.Г.(21) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 10.06.2023 во 02.00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.Х.(29) од с. Добридол, гостиварско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 10.06.2023 во 01.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода В.Б.(20) од Струмица затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 09.06.2023 во 16.10 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани ја привеле Н.А.(19) од Кавадарци затоа што кај неа бил пронајден и одземен хероин. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 09.06.2023 во 10.30 часот во Полициската станица Прилеп, од Казнено-поправната установа Затвор Прилеп било пријавено дека кај осуденикот Р.А.(38) од Прилеп била пронајдена и одземена марихуана. Полициски службеници од Полициската станица Прилеп извршиле увид и ја подигнале дрогата за понатамошна постапка. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (09.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 172 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за непочитување на првенство на минување, четири санкции за непрописно престројување на возила... 

На 09.06.2023 околу 19.45 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, патничко возило „фолксваген“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(54) од с. Славеј, прилепско, удрил во велосипед управуван од А.Ц.(42) од Прилеп. Од здобиените повреди на местото починала А.Ц., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид  извршиле екипа од Полициската станица Прилеп и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција. 

На 10.06.2023 во 04.05 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на регионалниот пат Макази - Маркова Нога, пред с.Подмочани, ресенско, патничко возило „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(45) од Ресен, излетало од патот. Од здобиените повреди на местото починал возачот А.Р., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид извршиле екипа од Полициската станица Ресен и јавен обвинител.     

На 09.06.2023 околу 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.101 во с.Волково, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет спарк“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(50) од Скопје и патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(38) Тасевска од с. Волково. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.А. и сопатничката од нејзиното возило Е.Џ.(33) од с. Волково, а со телесни повреди се здобила сопатничката Е.И.(35) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
 
На 09.06.2023 во 14.20 часот во СВР Струмица било пријавено дека во с.Муртино, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.П.(52) од с.Куклиш, струмичко и мотоцикл „хамачи“ со струмички регистарски ознаки, управуван од П.Т.(18) од с.Борисово, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот П.Т. констатирани во болницата во Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

На 09.06.2023 во 10.10 часот во Полициската станица Центар, С.М.(53) од Скопје пријавила дека на кеј „Димитар Влахов“  била касната од куче скитник

На 09.06.2023 во 11.15 часот во Полициската станица Центар, Д.Ш.(22) од Скопје пријавил дека на ул.„Филип Втори Македонски“ бил каснат од куче скитник

На 09.06.2023 во 09.40 часот во Полициската станица Аеродром, Н.Д.(42) од с. Стајковци, скопско, пријавил дека на бул.„Србија“ бил каснат од куче скитник. сп/

Остани поврзан