• понеделник, 16 јуни 2025

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 15 мај 2025 (МИА) - СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.М.(70) од с.Туин, кичевско и А.М.(45) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2024 година, првопријавениот како сопственик на земјиште и второпријавениот како инвеститор, изградиле куќа без да поседуваат одобрение за градење, при што одбегнале да платат 767.107 денари за комунални давачки и за тој износ го оштетиле буџетот на општина Кичево.    

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 03.01.2025 во Тетово, по претходно случена сообраќајна незгода, пријавениот физички го нападнал Б.С.. по што бил лишен од слобода од полициските службеници.

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.М.(31) од с.Лаки, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.  На 07.04.2025, пријавената во повеќе наврати на социјална мрежа испратила пораки со заканувачка содржина кон лице од Виница. 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Г.Д.(38) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Полициски службеници, со судска наредба, извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени куршуми за огнено оружје со различен калибар, патрони за ловечка пушка калибар 12 мм, 101 куршум со ознака Л22 за малокалибарска пушка и четири воздушни пушки. 

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Г. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 23.12.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени пиротехнички средства.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Х.(31) и А.Ф.(28), двајцата од с.Черкези, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство’’. На 19.02.2025 во Куманово, пријавените физички го нападнале Е.„Н“, при што второпријавениот употребил и тврд предмет. 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.С.(21) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 29.10.2024 во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.      

На 14.05.2025 на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.Б.(34), И.Х.(37) и М.К.(32), сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста и бела грутчеста материја.  По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци. 

На 14.05.2025 околу 22.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Драчево-Катланово, во атар на с.Морани, скопско, патничко возило „фолксваген бора“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(27) од с.Студеничани, скопско, удрило во рефлектирачко столбче на патот, ограда и во бандера која паднала врз возилото. Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Додека со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник Џ.Т.(22) од с.Студеничани, скопско, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, а увид извршила увидна екипа на СВР Скопје. 

На 14.05.2025 околу 14.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Интернационални бригади“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.М.(28) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Ј.Ќ.(41) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.Ј.Ќ., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје. 

На 14.05.2025 во 18.18 часот во ОВР Кичево било пријавено дека околу 18.00 часот во кругот на основно училиште на ул.„11 Септември“ во Кичево, 11 - годишен  малолетник од Кичево, управувајќи велосипед, удрил во деветгодишно дете од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил деветгодишникот, констатирани во Општа болница Кичево. Увид бил извршен.   

На 14.05.2025 во 09.10 часот во СВР Битола, В.Х.(52) од с.Долно Оризари, битолско, пријавил дека на 13.05.2025 околу 19 часот во близина на Стрежњевско езеро во Битола пронашол експлозивна направа. Извршен бил увид на местото, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал направата и констатирал дека се работи за неексплодирана рачна бомба од француско производство од Првата светска војна. 

На 14.05.2025 во 16.00 часот во СВР Скопје, Д.П.(40) од с.Бразда, скопско, пријавил дека на 13.05.2025 околу 22.00 часот на подрачјето на Гази Баба, едно лице физички го нападнало и му одзело пари, личен накит и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 14.05.2025 во 16.30 часот во СВР Скопје, Н.Ѓ.(38) од Скопје пријавила дека околу 14.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице ѝ го попречило патот, а друго лице физички ја нападнало, при што ѝ одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 14.05.2025 во 21.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево во Скопје, М.С.(22) од Скопје била физички нападната од Ф.М. и неговите браќа, при што употребиле тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава. 

Денеска (15.05.2025) во 04.14 часот во СВР Скопје, Х.Ч.(20) од Скопје пријавил дека околу 04.10 часот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од Л.Н.(19) и Д.С.(18), двајцата од Скопје. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Денеска (15.05.2025) во 03.35  часот во СВР Скопје, Г.М.(19) од Скопје пријавил дека околу 03.17 часот пред угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од едно машко лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 14.05.2025 во 18.32 часот во СВР Скопје, И.С. од Скопје пријавил дека на подрачјето на Ѓорче Петров,  неговиот малолетен син бил физички нападнат од соседот Т.„Н“. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

На 14.05.2025 во 20.00 часот во СВР Скопје, 45-годишен маж од Скопје пријавил дека на 12.05.2025 на подрачјето на Карпош во Скопје, еден малолетник со закана и употреба на сила извршил обљуба врз неговиот 14 – годишен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 14.05.2025 во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје било пријавено дека  кај нив со тешка телесна повреда бил донесен Т.Г.(50) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи во спортска сала во ДСУ за рехабилитација и образование „Св.Наум Охридски“ во Скопје. За настанот бил известен трудов инспектор, а увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.  цр/

Фото: МИА архива

Остани поврзан