МВР Билтен
- На 23.09.2023 во 10.15 часот на подрачјето на Бит-пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.(33) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и нож.

Скопје, 24 септември 2023 (МИА) - На 23.09.2023 во 10.15 часот на подрачјето на Бит-пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.(33) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и нож.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 209 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 94 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 23 санкции за управување возило под дејство на алкохол. Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло...
Полициски службеници од СВР Тетово, вчеравечер и ноќеска (23/24 септември) од 23.00 до 05.00 часот спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање возачи кои ги управуваат возилата под дејство на алкохол.
При контролата откриени и законски санкционирани се 20 возачи (ТЕ-15 и ГВ-5) кај кои било утврдено присуство на алкохол во организмот. Сите се исклучени од сообраќај, изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со парични глоби од 225 до 375 евра во денарска противвредност, како и времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година. При контролата, исто така, биле санкционирани и 10 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-9 и ГВ-1).
На 23.09.2023 во 01.45 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионалниот пат во с.Враништа, Струшко, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.К.(31) од Струга, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.
На 23.09.2023 во 13.45 часот во Полициската станица Аеродром, Д.И.(45) од Скопје пријавил дека во близина на мостот кој води кон населбата Керамидница бил каснат од куче скитник.
На 23.09.2023 во 09.35 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, М.С.(74) од Скопје пријавил дека кај пазарот во населбата Ѓорче Петров бил каснат од куче скитник. хс/
Фото: МИА архива