• петок, 19 април 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 3 февруари 2023 (МИА) - На 03.02.2023 во 11.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.А.(19) од село Слупчане, општина Липково. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 03.02.2023 во 09.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Р.(20) од Куманово. Тој се сомничи дека на 31.01.2023 одзел повеќе предмети од приватен имот на улицата „Црнотравска“ Куманово. С.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. Во текот на вчерашниот ден (02.02.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 249 возачи. Од нив четири возила се движеле со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 161 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 88 надвор од населено место. Денеска (03.02.2023) околу 07.20 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Градско – Велес, С.А.(58) од Велес, управувајќи патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од коловозот. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците У.Б.К.(45) од Велес и С.Ч.(39) од с.Виничани, општина Градско, констатирани во болницата во Велес. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Велес.  СВР Струмица поднесе кривична пријава Ј.М.(27) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори “. На 19.10.2022 на ул.,,Цветан Димов’’ во Струмица, пред паркинг простор на Казнено-поправната установа Затвор Струмица, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген голф’’ со кочански регистарски ознаки, управувано од Б.М. од Кочани, при што пронашле и одзеле кокаин, кој бил испратен од пријавениот, преку Б.М., за неговиот брат кој издржувал казна затвор во Затвор Струмица. На 02.02.2023 во 14.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 13.25 часот на бул.„Партизански одреди“ неколку малолетници физички нападнале малолетник од с.Шишево, скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   СВР Тетово поднесе кривична пријава против Џ.А.(41) од село Форино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 04.11.2022 во семејната куќа, по вербална расправија, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга, а се обидел да го нападне и неговиот татко. На 02.02.2023 во 18.00 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Х.(24) од с.Студеничани, скопско, пријавил дека околу 13.40 часот во градски автобус бр.55 на ул.„Методија Андонов  Ченто“, по кратка расправија, едно лице го нападнало со остар предмет и му нанело повреда.   Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 02.02.2023 во 22.40 часот во СВР Скопје, 39-годишна жена од Скопје пријавила дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Р.Д.(38) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 02.02.2023 во 09.50 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.Л.(79) од Скопје пријавил дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ бил каснат од куче скитник. Денеска (03.02.2023) во 04.00 часот во СВР Скопје, Б.Р.(28) од Крива Паланка пријавил дека околу 02.30 часот на кеј „13 Ноември“ бил физички нападнат од А.М.. Се работи на расчистување на случајот.На 02.02.2023 во 20.30 часот во СВР Скопје, М.М.(23) од с.Трубарево, скопско, пријавил дека околу 19.50 часот на ул.„Благоја Стефковски“ бил физички нападнат со тврд предмет од И.Н., кој го оштетил и неговото возило. Се работи на расчистување на случајот.На 02.02.2023 околу 22.00 часот во СВР Скопје, вработен како обезбедување во казино на ул.„Качанички пат“ пријавил дека во казиното три лица го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Според пријавеното, кога се обидел да ги раздели, едно од лицата физички го нападнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Т.(38) од Куманово. Тој на 22.10.2022 околу 17.00 часот, движејќи се со товарно возило „волво“ по автопатот од граничен премин „Табановце“ кон Куманово, при обид да престигне друго товарно возило, со приколката удрил во патничко возило „ауди“. Откако возачот на патничкото возило му дал знак да сопре, пријавениот продолжил со возење и се обидел да го истурка од коловозната лента.  На 02.02.2023 во 19.32 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на ул.„Рузвелтова“ три лица со закана одзеле пари од дневниот промет и лични предмети на една вработена и едно лице кое пазарувало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. СВР Тетово поднесе кривична пријава против О.П.(28) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 11.01.2023 пред угостителски објект на улица „Илинденска“ во Гостивар, пријавениот физички го нападнал неговиот татко и му нанел повреда. На 02.02.2023 во 20.10 часот во Полициската станица Аеродром, Д.Г.(59) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник. На 02.02.2023 во 19.30 часот во Полициската станица Центар, Г.Б.(49) од Скопје пријавила дека на ул.„Стале Попов“ била касната од куче скитник.

Остани поврзан