МВР Билтен (ДПЛ)
- На 23.09.2023, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ја лишиле од слобода С.М.(24) од Куманово.

Скопје, 25 септември 2023 (МИА) - На 24.09.2023 во периодот од 00.00 до 04.00 на подрачјата на сите сектори за внатрешни работи при МВР беше спроведена акциска контрола за присуство на малолетници во угостителски објекти после 24.00 часот, за точење алкохол на малолетници и за откривање злоупотреба на престој на странци.
Притоа, биле контролирани 280 угостителски објекти, извршени се прегледи на 176 лица и возила. Во акциската контрола биле вклучени и тимови на Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат, кои извршиле контрола во 14 обложувалници и казина и две приватни обезбедувања. Од слобода било лишено едно лице на подрачје на СВР Велес затоа што кај него била пронајдена марихуана, а шест малолетници (по тројца на подрачјата на СВР Скопје и СВР Битола) биле затекнати во угостителски објекти после 24.00 часот и по приведувањето биле предадени на родителите.
Исто така, при контролата биле откриени две кривични дела „точење алкохолни пијалаци на малолетници“ по член 204 од Кривичниот законик. Биле констатирани и повеќе прекршоци по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, Законот за возила, Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и едно непочитување на работното време. За сите констатирани прекршоци, против правните лица и одговорните лица во објектите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 23.09.2023, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ја лишиле од слобода С.М.(24) од Куманово.
При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 23.09.2023 во 18.00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода А.Ц.(23) од Охридско затоа што со огнено оружје се заканувал на неговата 23-годишна поранешна девојка.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 23.09.2023 во 18.40 часот во с.Чегране, Гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода М.Д.(56) и Б.Д.(20) затоа што физички го нападнале Р.Б. од истото село.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (24.09.2023) во 00.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.З.(45) од с.Грчец и С.Ц.(43) од Скопје, при што биле употребени и тврди предмети.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 23.09.2023 во 21.53 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер Р.Д., кој потоа го зел нивниот малолетен син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.09.2023 во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Студеничани, по претходни недоразбирања, И.М.(19) физички нападнал малолетник, при што употребил и остар предмет.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 23.09.2023 во 05.00 часот во СВР Скопје, 27-годишна жена од Скопје пријавила дека во Скопско била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер К.П.(25) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.09.2023 во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Аеродром, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.С.(49) и С.Д.(19), двете од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 23.09.2023 во 18.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Аеродром, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу П.Н.(31) и Ц.Ц.(30), двајцата од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 23.09.2023 во 10.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во скопско, Б.Ц.(56) физички ја нападнал неговата 81-годишна мајка.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 23.09.2023 во 10.35 часот во Полициската станица Чаир, Н.М.(36) од с.Арачиново, Скопско, пријавил дека на 22.09.2023 околу 23.40 часот на ул.„Боро Менков“ во Скопје, тој и неговиот малолетен внук биле нападнати од кучиња скитници при што паднал и се здобил со тешка телесна повреда.
На 23.09.2023 во 13.15 часот во СВР Скопје, Т.А.(63) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Драчево бил физички нападнат од З.А.(37) од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 23.09.2022 во 17.40 часот во СВР Тетово, А.Н.(61) од с.Лисец, Тетовско, пријавил дека во Тетово бил физички нападнат од И.А.(45) од Тетово, кој му го оштетил неговото патничко моторно возило.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.09.2023 во 16.00 часот во ОВР Гостивар, А.Ј.(52) од с.Чајле, Гостиварско, пријавил дека на 22.09.2023 околу 15.05 часот во основно училиште во Гостивар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Н.С.(25) од с.Мало Турчане, Гостиварско.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 23.09.2023 во 15.18 часот во ОВР Гостивар, Е.Ш.(35) од с.Неготино, Гостиварско, пријавила дека во селото, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (24.09.2023) во 02.50 часот во СВР Скопје, А.Д.(43) од Скопје пријавила дека околу 01.30 часот на подрачјето на Центар едно лице со употреба на сила одзело чанта со мобилен телефон и паричник на нејзиниот малолетен син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.09.2023 во 15.30 часот во СВР Битола било пријавено дека во с.Путурус – општина Новаци, Битолско, настанал пожар во кој било зафатено подрачјето околу манастирот „Св.Петка“, а биле опожарени и неколку напуштени куќи.
Исто така, пожарот се проширил и кон селата Моино и Мусинци, каде гореле стрниште и сува трева.
На 23.09.2023 во 18.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с.Градец, Тетовско, настанал пожар во кој биле опожарени околу 500 дрва приватен насад на лешници и сува трева.
Во 21.30 часот од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово пожарот бил изгаснат.
На 23.09.2023 во 15.15 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во близина на село Ропотово, Прилепско, Р.Е.(43) од с.Црнилиште, управувајќи трактор, изгубил контрола и се превртел со тракторот.
Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. На местото на настанот увид извршиле полициски службеници од ОВР Прилеп.
На 23.09.2023 во 17.15 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во атар на село Стровја, Прилепско, по пад од дрво, од здобиените повреди на местото починал малолетник од село Црнилиште, Прилепско.
Притоа, со повреди се здобил и Н.А.. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт кај малолетникот. Полициски службеници од ОВР Прилеп извршиле увид.
На 23.09.2023 во 23.30 часот во СВР Битола, Ж.Ѓ.(44) од Битола пријавила дека околу 20.00 часот пред Центарот за култура во Битола нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице.
Се работи на расчистување на случајот.
На 23.09.2023 во 23.15 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Т.(48) од Прилеп затоа што агресивно се однесувал и попречувал полициски службеници при вршење службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 23.09.2023 во 11.40 часот во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница го лишиле од слобода Б.С.(52) од с.Оризари, Кочанско, затоа што околу 07.20 часот во Виница физички го нападнал Т.К.(63) од с.Мородвис и со тврд предмет му упатил закани.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. Истиот ден околу 13.00 часот, Б.С. пријавил дека А.К., син на Т.К., му упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.09.2023 во 13.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на место викано „Рашанец“ на регионалниот пат Охрид – Ресен, каде што извршувал градежни работи, бил пронајден починат А.И.(47) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Известен бил Јавен обвинител и трудова инспекција, а увид извршила увидна екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.
На 23.09.2023 во 10.00 часот во Полициската станица Гостивар, А.А.(48) од с.Долна Бањица, Гостиварско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Ф.А.(25).
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. хс/
Фото: МИА архива