• петок, 19 април 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 31 март 2023 (МИА) - На 30.03.2023 околу 13.40 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ја лишиле од слобода 32-годишната Б.Ј. од гостиварско село, која во гостиварската Модуларна болница со остар предмет им се заканувала на вработените и оштетила дел од внатрешниот инвентар. Се расчистува и документира случајот и ќе следува соодветен поднесок.Полициски службеници од СВР Битола вчера (30.03.2023) на ул.„Краварски пат“ во Битола запленија околу четири килограми марихуана и лишија од слобода пет лица: Г.К.(54) и В.И.(38), двајцата од Битола, А.Д.(34) и А.С.(23), двајцата од с.Мало Турчане, гостиварско и А.Џ.(36) од Гостивар. Имено, од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, во с.Кравари, битолско, забележано е патничко возило „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, а едно лице кое се превезувало со возилото во близина на влез во фабрика за производство на медицински канабис подигнало ќеси со марихуана. Откако возачот ги забележал полициските службеници, од возилото исфрлил две ќеси со марихуана. Од страна на криминалистичката полиција при СВР Битола, во содејство со Комисијата на за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема за чување и складирање на медицински канабис при Министерството за здравство, по претходно издадена Наредба од Основен суд Битола, извршен е претрес во правното лице во с.Кравари, при што се констатирани низа неправилности во поглед на производство, одгледување и складирање на медицинскиот канабис, за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Н.К.(76) од кичевското село Црвинци, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Тој во текот на 2022 година во месноста „Бадеми“, во близина на Дебарското езеро, неовластено оградил и узурпирал државно земјиште во вкупна површина од 351 м2, каде без соодветна документација изградил монтажен објект.На 30.03.2023 околу 21:10 часот кај бензинска пумпа на автопат „Пријателство“ во близина на с.Табановце полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север во неколку наврати дале знак за запирање на патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Б.(45) од Скопје, но тоа не сопрело. Малку подоцна во возилото било запрено и во него биле пронајдени двајца мигранти од Сирија. Лицата мигранти се сместени во Прифатен центар за странци Скопје за понатамошна постапка. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 31.03.2023 во 01.17 часoт во СВР Скопје е пријавено дека околу 01.00 часот во населба Ќерамидница во Скопје, во барака сопственост на Е.З., настанал пожар од плинска боца, од кој била зафатена и барака сопственост на А.Е.(30). Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје. Повредени лица нема. Увид ќе биде извршен од екипа на СВР Скопје.ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.Е.(69) од струшкото село Калишта, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој во февруари 2022, на катастарска парцела на ул.„Маршал Тито“ во Струга, извршил неовластена градежна доградба на постоен објект, без одобрение и спротивно на Законот за градба. Од извршениот инспекциски надзор донесено е решение со кое на инвеститорот му се наложува да ги отстрани неправилностите на доградениот објект.На 30.03.2023 во 18:14 часот во СВР Скопје од Итна медицинска помош било пријавено дека во фурна на подрачјето на Чаир починал вработениот Т.И.(48) од Р.Косово. Од лекар била констатирана смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција.На 30.03.2023 во 21:40 часот Ѓ.Т.(55) од Скопје пријавил дека околу 19.00 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 30.03.2023 во 19:50 часот во Полициската станица Аеродром, В.Т.(27) од Скопје пријавила дека на ул.„Ѓорѓи Капчев“ била касната од куче скитник.СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.А.(36) од с.Мусинци, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 15.03.2023 на регионалниот пат с.Добрушево - с.Мусинци, пријавениот со употреба на сила од Г.Р. одземал пари.На 30.03.2023 во Полициска станица Бит Пазар во 20:30 часот Е.А.(38) пријавил дека се оддалечила неговата ќерка А.А.(12), а околу 22:00 часот Ѓ.О.(39) пријавил дека се оддалечила неговата ќерка М.К.(15). М.К. и претходно во повеќе наврати се оддалечувала од домот и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.На 30.03.2023 околу 11:55 часот во Полициска станица Карпош, И.С. од Скопје пријавил дека во стан на подрачје на Карпош, го пронашол неговиот колега А.Т.(60) од Р.Грција, кој престојувал во станот, паднат на подот без знаци на живот. Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција.Во текот на вчерашниот ден (30.03.2023), во периодот од 12:00 до 16:00 часот, на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици. При контролата констатирани се 66 сообраќајни прекршоци, од кои 10 за непрописно вклучување во сообраќај, девет за возење без сообраќајна дозвола, шест за користење мобилен телефон за при возење... На вонреден технички преглед биле упатени осум возила.На 31.03.2023 во 05:54 часот на регионалниот пат Кадрифаково-Штип, во правец од крстосница со с.Варсаково кон крстосница со с.Три Чешми, во близина на клучка со с.Врсаково – Штип, К.Ф.(66) од Штип, управувајќи патничко моторно возило „цитроен Ц3“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал надвор од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Увид на местото извршила увидна екипа од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Штип.Денеска (31.03.2023) во 10:20 часот, вработен во обложувалница на подрачјето на Бутел, пријавил дека две лице со закана со оружје одземале пари. Веднаш се упатени полициски службеници на лице место и се преземат мерки за расчистување на случајот.

Триесет и тригодишниот А.З. од тетовска Стримница ноќеска (31.03.2023), во 00:40 часот, во СВР Тетово пријавил дека на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово бил каснат од куче скитник. дма/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан