• вторник, 05 декември 2023

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 28 септември 2023 (МИА) - На 27.09.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.

За време на контролата биле констатирани 65 прекршоци, од кои 45 надвор од населено место и 20 во населено место. Санкционирани биле и 40 други видови на прекршоци, од кои 13 за управување возило без возачка дозвола, 1 за технички неисправно возило, 4 за нерегистрирано возило, 2 за користење мобилен телефон, 1 за возач почетник, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 6 за некористење сигурносен појас, за користење мобилен телефон и 12 за непрописно паркирање.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава  против 17-годишник од Тетово, со живеалиште во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање на моторно возило“. Пријавениот, на 07.08.2023 на ул.„Атанас Илиќ“ во Дебар одзел паркирано возило оставено со клучот на бравата. 

На 28.09.2023 во 01.00 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го привеле Ф.С.(39) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон нив додека  извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 27.09.2023 во 12.00 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена од Скопје пријавила дека во домот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот сопруг А.В.(40) од Скопје, кој ѝ упатил и закани со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.09.2023 во 22.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.Б.(34) од една страна и Е.С.(36) и Е.С. од друга страна, сите од Скопје, при што биле употребени и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривични пријава против А.Џ.(58) и Б.К.(35), двете од Штип, поради постоење основи на сомнение извршено на кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. Пријавените, баба и тетка на малолетно дете, го подведувале на питачење на 12.08.2023 на ул.„Братство Единство“ и ул.„8 Септември“ во Дебар.

Денеска (28.09.2023) во 06.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Т.М.(46) и А.Т.(45), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Денеска (28.09.2023) во 05.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(56) од Скопје, затоа што во домот физички ја нападнал неговата 43-годишна вонбрачна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.09.2023 во 20.30 часот во СВР Тетово, 24-годишниот тетовец А.Б. пријавил дека на улица „Маршал Тито“ во Тетово бил каснат од куче скитник.

На 27.09.2023 во 20.00 часот во СВР Скопје, И.С.(22) од Куманово пријавила дека на 26.09.2023 околу 10.00 часот на подрачјето на Карпош, по претходна расправија, била физички била нападната од М.Н. - женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против С.Н.(37) од Прилеп, со живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. На 11.08.2023, пријавената била затекната како ги подведува на питачење нејзините два малолетни ќерки.

Денеска (28.09.2023) во периодот од 09.00 до 13.00 часот Секторот за сообраќајни работи  при Одделот за  униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на град Велес за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 51 возач, од кои 13 за возење без возачка дозвола, осум возачи за управување на мотоцикл без заштитен шлем, четири за непрописно вградени фолии (затемнети стакла)... На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

На 28.09.2023 во СВР Куманово, 35-годишен маж од Куманово пријавил дека на 27.09.2023 околу 12.30 часот пред угостителски објект во село Стрезовце, општина Старо Нагоричане, лице кое го познавал и уште неколку лица, со употреба на сила го внеле во патничко возило, по што физички го нападнале и му одзеле лични предмети и барале од него да им даде пари, по што го пуштиле да си оди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Велес поднесе кривична пријава против В.А. од с.Дедино, општина Конче, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. На 03.09.2023 на бул.„Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници извршиле контрола на товарно возило „мерцедес“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши превоз на огревни дрва без да поседува лиценца.

На 27.09.2023 во 18.10 часот во СВР Охрид, малолетник од с.Велгошти, охридско, пријавил дека во селото бил каснат од куче скитник. цр/

Фото:МИА

 

Остани поврзан