
Скопје, 20 ноември 2023 (МИА) - Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција- Одделение за гонење на лица со полициски овластувања и затворска полиција, поднесе кривична пријава против П.Р., Б.П. и К.Г., полициски службеници при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „тешка телесна повреда“ по чл.131 став 3 во врска со кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од КЗ. Имено, пријавените, во својство на полициски службеници, при преземање на службени дејства над оштетениот А.З. од Скопје, затекнат при обид за кражба, неовластено и прекумерно употребиле физичка сила и му нанеле тешки телесни повреди. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР ќе покрене постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, а полициските службеници ќе бидат суспендирани од своите работни места до завршување на постапката.
Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 86 возачи, од кои 55 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 17 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 10 за управување возило без возачка дозвола, 4 за нерегистрирано возило.
Вчера на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 30 прекршоци од кои 17 во населено место и 13 надвор од населено место. Санкционирани биле и други видови на прекршоци, од кои 7 за управување возило без возачка дозвола, 4 за возач почетник, 2 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон и 1 за непрописно паркирање.
Во Штип, вчера полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Р.Х.(21) од Штип. Тој се сомничи дека, по претходна расправија и поради нерасчистени должничко – доверителски односи, од пиштол пукал кон П.Ј.(26) од Штип, но не го погодил. Од него биле одземени пиштол „Зораки мод 914" и една рамка за куршуми, а при увидот на местото биле пронајдени три чаури калибар 9 мм. Исто така, при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени повеќе од 70 куршуми различен калибар. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера во 14.20 часот во СВР Куманово Д.Т.(41) од Куманово пријавил дека на 08.11.2023, извршувајќи работни задачи во фабрика во населба „Карпош“ Куманово се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Куманово. Увид извршила увидна екипа од СВР Куманово.
Во СВР Куманово денеска бил извршен службен разговор со Б.Р.(23) и А.Р. (22) од село Опае, липковско. Тие се сомничат дека на 19.11.2023 околу 19.30 часот на ул.„Маршал Тито“ во Куманово физички ги нападнале Р.Н.(33) и Н.М., двајцата од Куманово. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 07.30 часот во Полициското одделение Матејче, Р.И.(44) од с.Ропаљце, липковско, пријавил дека на патот с.Ропаљце кон с.Матејче, липковско, по кратка расправија, бил нападнат од неколку лица кои со остар предмет му нанеле повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во СВР Скопје, вчера околу 23.15 часот Д.Е.(47) од с.Радолишта, струшко, пријавил дека во терминална зграда на Меѓународен аеродром Скопје, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од три лица - такси возачи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 16.50 часот во Полициската станица Центар, А.А.(32) од Скопје пријавил дека на подрачје на Центар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во Полициската станица Кисела Вода вчера било пријавено дека во 20.00 часот на подрачје на Кисела Вода, по претходно недоразбирање во сообраќајот, А.К.(35) од Скопје физички го нападнал И.Ј. (44) од Македонски Брод. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 12.06 часот во Полициската станица Аеродром, В.Ј.(68) од Скопје пријавила дека на подрачје на Аеродром, во зградата каде живеела, била физички нападната од соседот Б.П.(36) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во Полициската станица Аеродром вчера било пријавено дека во 15.30 часот на подрачје на Аеродром, поради нерасчистени имотно-правни односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.М.(67), С.К.(36) и С.З.(61), од една страна и Б.М.(48) од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 15.50 часот во Полициската станица Гази Баба, Ф.Л.(19) од Скопје пријавил дека околу 12.00 часот на подрачје на Гази Баба бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во ОВР Прилеп, Ѓ.К.(20) од Прилеп вчера пријавил дека на ул.„5 Прилепска“ бил каснат од куче скитник.
Вчера во 11.20 часот во Полициската станица Кочани, А.Т.(58) пријавил дека во село Зрновци бил каснат од куче скитник.
СВР Куманово поденесе кривична пријава против Д.М. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 02.03.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана и кокаин.
СВР Велес поднесе кривична пријава против А.Г.(29) од с.Башино село, велешко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. На 06.07.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
СВР Велес поднесе кривична пријава против Б.Т.(50) и С.Ј.(62), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено држење на оружје или распрскувачки материи”. На 12.01.2023, полициски службеници извршиле преглед над пријавените, при што пронашле и одзеле две ловечки пушки и 29 куршуми за кои не поседувале соодветна дозвола.
СВР Битола поднесе кривична пријава против В.М.(23) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. Пријавениот, бил затекнат при продажба на кокаин, по што на 15.09.2023 бил извршен претрес во неговиот дом и бил пронајден и одземен кокаин.
СВР Куманово поднесе кривична пријава К.П.(59) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење” и „узурпација на недвижности”. Пријавениот, во текот на 2020 и 2021 година, сопственик и управител на правно лице, без одобрение за градење изградил објект- доградба на постојан деловен објект и без решение за изведување на градба изградил помошна градба и ограда во функција на деловен објект.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.Ф. (48) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 08.05.2023, полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле две возачки дозволи и лична карта издадени во Сојузна Република Германија, за кои со вештачење било утврдено дека се фалсификувани.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б.(36) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ во врска со семејно насилство. На 16.08.2023, пријавениот се однесувал агресивно кон неговата мајка и ѝ упатил закани.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Т.Ѓ.(72) од с.Дулица, општина Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,даночно затајување“. Пријавениот, во периодот од 2019 до 2021 година во 14 наврати од осум сопственици на катастарски парцели на шума во атар на с.Цера, општина Македонска Каменица, добил полномошно за добивање на одобрение на сеча на огревно дрво. Во наведениот период, откако добил одобрение извршил сеча и продажба на огревно дабово и буково дрво во вкупна количина од 1561,6 метри кубни од кои остварил приход. Пријавениот, иако бил должен, одбегнал да пријави и да плати данок од извршената продажба на огревното дрво со што го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија во износ од 275.154 денари. аа/
Фото: МИА архива