• петок, 29 март 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 2 февруари 2023 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце денеска во 6.40 часот на Граничен премин Табановце  го привеле М.Х.(21) од Скопје.

Тој патувал со автобус на превозно претпријатие од Струга и при преглед во неговиот багаж биле пронајдени и одземени повеќе различни пакувања со марихуана. За случајот бил запознаен Јавен обвинител, а лицето било спроведено во СВР Куманово за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  Полициски службеници од СВР Куманово денеска во 15.20 часот  ги лишиле од слобода Ј.Л.(34) и Д.Б.(36), двајцата од Куманово.

Тие се сомничат дека на 30.01.2023 со употреба на сила влегле во угостителски објект на улица „Драган Стопаревиќ“ во Куманово и одзеле пари. Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.ОВР Струга поднесе кривична пријава против Љ.А.(35) од струшкото село Шум, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

При преглед извршен на улицата „Маршал Тито“ во Струга, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа кокаин.СВР Скопје – ЕВР Карпош поднесе кривична пријава против В.Х.(35) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“ по член 239 од Кривичниот законик и против А.Б.(35) од с.Арачиново, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ по член 378, „употреба на исправа со невистинита содржина“ по член 380 и „злоупотреба на лични податоци“ по член 149, а во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Првопријавениот В.Х. одзел патничко возило „ауди а8“ од лице од Тетово, додека второпријавениот А.Б. ги злоупотребил, искористил и фалсификувал податоците од документите на возилото и на тој начин успеал да ја смени сопственоста на возилото.

По преземени мерки, било потврдено дека е направен фалсификат, а подоцна со решение од управен орган бил поништен фалсификатот и возилото било вратено на владение на вистинскиот сопственик.      На 01.02.2023 на Граничен премин Табановце, полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции – Мобилна единица, во содејство со службата за мобилни тимови при Царинската управа, при преглед на патничко возило „мерцедес спринтер“ откриле околу 620 парчиња производи за широка потрошувачка и поголема количина текстил.

Тие не биле пријавени за царинење од лицето кое го управувало возилото. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.  На 01.02.2023 во 18.05 часот во СВР Скопје, Г.Б.(52) од Скопје пријавил дека околу 14.30 часот на подрачјето на Аеродром бил физички нападнат од Г.К..

Се работи на расчистување на случајот.На 01.02.2023 во 11.30 часот во СВР Скопје, Љ.К.(52) од с.Кучевиште, скопско, пријавил дека на 28.01.2023 околу 23.30 часот во с.Кучевиште неговата малолетна ќерка била физички нападната од едно лице од с.Мирковци, скопско.

Се работи на расчистување на случајот.  На 01.02.2023 во 06.37 часот во СВР Скопје, директор на фирма во с.Трубарево, скопско, пријавил дека чуварот Б.Б.(60) бил пронајден со повреди од физички напад.

Лицето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 01.02.2023 во 06.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во зграда на ул.„Драгиша Мишовиќ“ во Скопје, Ѓ.И.(64) од Скопје физички го нападнал Б.П.(83) од Скопје, при што употребил и предмет.

Полициски службеници од Полициската станица Карпош излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 01.02.2023 во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 16.01.2023 околу 04.30 часот три лица со употреба на сила влегле во стан на подрачјето на Аеродром, каде престојувале Х.М.(23) од Прилеп, С.Ј.(22) од Струмица и Д.А.(21) од Велес, физички го нападнале Х.М. и со закана од тројцата одзеле мобилни телефони.

Се работи на расчистување на случајот.На 01.02.2023 во 09.30 часот во Полициската станица Карпош било пријавено дека во спортска обложувалница на ул.„Метрополит Теодосиј Гологанов“ едно лице им се заканило на   вработените, но не одзело ништо.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.К.(31) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување на оружје или распрскувачки материи“.

На 20.07.2022 на магистрален пат Куманово - Крива Паланка, во возило управувано од пријавениот, полициските службеници пронашле 162 куршуми калибар 22LR и две рамки за пушка, кои неовластено ги поседувал.  На 01.02.2023 во 12.29 часот во СВР Скопје било пријавено дека во 12.15 и во 12.25 часот на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, двајца малолетници од Скопје биле физички нападнати од неколку малолетници.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.П.(56) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.

На 02.12.2022 на магистралниот пат А-2 во Крива Паланка, пријавениот бил затекнат како со товарно возило марка „там“ врши превоз на огревно дрво, без да поседува лиценца за вршење јавен превоз во патниот сообраќај. хс/

 

Остани поврзан