• понеделник, 18 септември 2023

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 18 септември 2023 (МИА) - На 18.09.2023 околу 10.00 часот во СВР Скопје добиена е пријава од Клиниката за кардиохирургија дека С.Ј. (вработен во клиниката) вербално нападнал медицинска сестра, а потоа физички го нападнал М.Ш. (директор на клиниката), по што ја напуштил клиниката и самиот се пријавил во ПС Центар. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Штип, по преземени оперативни мерки и активности расчистија 7 кривични дела „тешка кражба“ и 3 кривични дела „кражба“ извршени од викенд куќи, куќи и возила, на територијата на град Штип, во периодот од јануари до јули годинава. Поради постоење основи на сомнение дека се сторители на делата, од слобода биле лишени Д.А.(30), А.Д.(18), Џ.И.(33), Т.Ј.(18), А.С.(40) сите од Штип, Ј.М.(20) од Струмица, С.Р.(22) од Радовиш и С.Р. (20) од Кочани, сторители на кривични дела од областа на имотните деликти. Во службен разговор во полициска станица тие ги признале кривичните дела. Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Во текот на изминатиот викенд (16/17.09.2023), полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 194 возачи, од кои 123 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 45 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 21 за управување возило без возачка дозвола и 5 за нерегистрирано возило. 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.М.(36) од струшкото село Драслајца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“. Тој, во својот автомобил „форд мондео“, што го паркирал во авто камп во Охрид, му овозможил на М.К. од Струга да користи марихуана.

На 17.09.2023 во 15.50 часот во СВР Битола е пријавено дека во атар на с.Беранци, битолско,  настанал пожар во нива, сопственост на фирма на К.К.(34) од Битола, во кој биле опожарени садници, помошен објект и земјоделски алат. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Битола. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.

На 17.09.2023 во 13.25 часот во СВР Скопје, Т.Т.(77) од Скопје пријавил дека во неговата куќа во с.Побожје, скопско, при изведување на градежни работи во подрумска просторија, биле пронајдени две неексплодирани рачни бомби, кои се безбедно подигнати од полициски службеници за понатамошна постапка.

Денеска (18.09.2023) во 00.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходно меѓусебно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.П.(32), од една страна и Б.К.(43) и И.П.(42), од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.  

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.К.(28) од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При преглед во нејзината ташна, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана.

На 17.09.2023 во 22.00 часот во СВР Скопје, З.В.(64) од Скопје пријавил дека околу 19.30 часот на подрачјето на Аеродром бил физички нападнат од Т.Ѓ.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17.09.2023 во 21.00 часот во СВР Скопје, Л.К.(77) од Скопје пријавил дека околу 20.00 часот на подрачјето на Гази Баба, по претходна расправија, бил физички нападнат од Љ.Д.(50). Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.А.(27) од Кичево, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 21.10.2022 во село Гарани, при извршен претрес од полициски службеници, во домот на пријавениот била пронајдена и одземена марихуана. 

На 17.09.2023 во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба, по претходни недоразбирања, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Н.(25) и С.Н.(51), од една страна и Љ.Д.(50), од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.  

СВР Штип поднесе кривична пријава против Т.М.(21), државјанин на Р.Турција со престој во Штип, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекрусори“. На 19.11.2022 во Штип, при извршен преглед на пријавениот и патничко возило, од страна на полициски службеници била пронајдена и одземена марихуана.

На 17.09.2023 во 14.00 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Л.(44) од Скопје, поради тоа што во домот на подрачјето на Драчево физички ја нападнал неговата 38-годишна сопруга и им се заканувал со остри предмети нејзе и на нивниот син, а потоа агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

  Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Ф.Д.(26), Д.Д.(28), С.Ѓ.(22), сите од Виница и П.Ѓ.(23) од Кочани, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“. На 17.12.2021 во Виница, при извршен претрес од полициски службеници, во домот на прво и второпријавените е пронајдено и одземено растение канабис, кај трето пријавениот била пронајдена и одземена марихуана, а четврто пријавениот овозможил да користат наркотични средства.

На 17.09.2023 во 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Аеродром, по претходна расправија околу паркинг место, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Н.(58) и З.Г.(56), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.  

  На 17.09.2023 во 18.50 часот во СВР Скопје В.Л.(29) од Скопје, пријавил дека околу 16.15 часот на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Остани поврзан