• петок, 20 септември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 20 септември 2024 (МИА) - На 19.09.2024, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Ѓ.С.(32) и С.Б.(27), двајцата од Куманово. Тие се сомничат дека на 21.07.2024 одзеле предмети од приватен имот во Куманово.

МВР денеска соопшти дека тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

На 19.09.2024 во 18.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Д.Р.(31) и Е.И.(34), двајцата од Куманово, затоа што од приватен имот во кумановско одзеле домашни животни. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

СВР Велес поднесе кривична пријава Ј.Ф.(24) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 16.03.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, таблети МДМА и пари.

На 19.09.2024 на ул.„Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.Б.(29) од Битола. Тој се сомничи дека околу 11.40 часот го запалил мопедот со битолски регистарски ознаки, сопственост на С.А. од Битола, кој претходно го управувал. Увидот бил извршен и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Н.(33) и Г.Ц.(39), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 31.03.2024 во Прилеп, полициски службеници извршиле преглед над друго лице, при што била пронајдена и одземена марихуана за која било утврдено дека ја набавило од А.Н. со посредство и договор со Г.Ц..

На 19.09.2024 во 12.30 часот во СВР Скопје, Б.Ч.(69) од Скопје пријавил дека околу 12.10 часот пред угостителски објект на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Р.Б.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.09.2024 во 13.15 часот во СВР Скопје, А.А.(36) од Скопје, пријавила дека на 17.09.2024 околу 12.00 часот во основно училиште на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Д.Г.(22) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги и психотропни супстанци“. На 19.01.2024 во близина на с.Славеј, прилепско, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана, од која му овозможил на друго лице, кое било со него, да ја користи.

На 19.09.2024 во 10.00 часот во СВР Скопје, 51 - годишна жена пријавила дека на 16.09.2024 околу 15.00 часот на подрачјето на Чаир, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер А.З.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.Р.(51) од с.Умлена, пехчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Полициски службеници извршиле претрес во објект во атар на с.Умлена, сопственост на пријавениот, при што била пронајдена и одземена ловечка пушка калибар 12/70мм и ловечки патрони кои ги поседувал без дозвола.

На 19.09.2024 во 23.10 часот во СВР Скопје, од Комплекс клинки „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен И.М.(63) од Скопје. Според пријавеното, на 16.09.2024 околу 07.00 часот, додека управувал велосипед се судрил со патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, по што се спогодиле со возачот и си заминале од местото, а на 19.09.2024 побарал медицинска помош и му биле констатирани повредите. Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

На 19.09.2024 во 16.00 часот во СВР Штип, С.П.(48) од с.Стар Караорман, штипско, пријавила дека околу 15.30 часот на ул„Сутјеска“ во Штип, едно лице со употреба на сила ѝ го одзело мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.Т.(31) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 03.08.2024 на ул.„Павлина Вељанова“ во Кочани, пријавената физички нападнала вработен во општина Кочани додека извршувал работни задачи.

На 19.09.2024 во 12.40 часот во СВР Скопје, 39 – годишна жена од Скопје пријавила дека на 18.09.2024 околу 13.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице се соблекувало пред повеќе малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.А.(55) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 04.08.2024 во уостителски објект во Гостивар, пријавениот, сопственик на објектот, по претходно недоразбирање, физички ја нападнал вработената М.А..

На 19.09.2024 во 16.10 часот во Полициската станица Кисела Вода, В.М.(46) од Скопје пријавила дека во близина на Нова Железничка го пронашла нејзиниот брат Д.М.(45) за кој на 17.09.2024 пријавила дека се оддалечил од домот.  

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.К.(36) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 31.08.2024, пријавениот упатувал закани на неговата сопруга, со која е во бракоразводна постапка, на нејзината мајка и малолетната ќерка.

На 19.09.2024 во 13.15 часот во СВР Скопје, 36 – годишна жена од Скопје пријавила дека на 17.09.2024 во основно училиште на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзиниот малолетен син бил полово вознемируван од негов соученик. Се работи на расчистување на случајот.  

На 18.09.2024 во 09.30 часот во ОВР Свети Николе, Д.Е.(27) од с.Ерџелија, светиниколско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга Б.Е.(25). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.09.2024 во 21.50 часот во ОВР Кавадарци, Д.Г.(66) од Кавадарци пријавил дека на булевар „Моша Пијаде“ во Кавадаци бил каснат од куче скитник.  цр/

Фото: МИА архива

Остани поврзан