• четврток, 25 април 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 5 јуни 2023 (МИА) - Вчера во 22.50 часот кај крстосницата за селата Требош и Џепчиште, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово - Полициско одделение Групчин го лишиле од слобода С.Н.(32) од с.Ново Село, општина Желино. При преглед во неговото возило „форд транзит“ со тетовски  регистарски  ознаки биле пронајдени и одземени канти со гориво, за кое изјавил дека го украл од товарно возило паркирано на улица „Благоја Тоска“ во Тетово. Лицето било задржано во полициска станица за понатамошна постапка и по расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во СВР Скопје, вчера во 14:50 часот од Казнено-поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во кругот на установата била пронајдена прашкаста материја. Полициски службеници извршиле увид и ја подигнале прашкастата материја за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Завчера на брегот на Дебарското езеро, полициски службеници од ОВР Дебар ги привеле А.Р.(43), С.Ф.(27) и Д.А.(29), сите од Дебар. Тие се сомничат дека го нарушиле јавниот ред и мир со неовластено пукање од огнено оружје. Во нивна близина, во објект во изградба, биле пронајдени 12 чаури калибар 7,62 милиметри пиштолска муниција. По целосно расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Вчера во 17.30 часот, полициски службеници од полициското одделение во струшкото село Велешта го привеле А.И. (28) од Струга. Тој, во атарот на селото Делогожда, бил затекнат при нелегален транспорт на огревно дрво со патничко возило „опел фронтера“. Дрвата и возилото биле одземени и предадени на Шумската полиција од Струга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 129 возачи од кои 88 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 22 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 16 за управување возило без возачка дозвола и 3 за нерегистрирано возило. 

Вчера во периодот од 15.00 до 21.00 часот на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли, при што полициските службеници затекнале и санкционирале 63 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-11, Струга-16, Кичево-33, Дебар-03). Дополнително, од сообраќај се исклучени 16 возачи кај кои е утврдено дека управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-03, Струга-01, Кичево-12). 

На улица „Илинденска“ во Охрид, вчера во 10:00 часот полициски службеници извршиле преглед врз Ф.А.(30) од Охрид, при што пронашле и одзеле нож. Против него, согласно со одредбите од Законот за оружје, ќе биде поднесена соодветен поднесок. 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Т.(45) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 16.03.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во Струмица, при што пронашле и одзеле марихуана, амфетамин и таблети МДМА.

Вчера во 14.35 часот во Полициската станица Кавадарци, од Општа болница Кавадарци било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Б.М.(44) од с.Тимјаник, неготинско. Според пријавеното, тој се здобил со повредите на работното место во Територијалната противпожарна единица Неготино. Увид бил извршен.

Во СВР Скопје, вчера во 15:00 часот Б.С.(27) од Скопје пријавил дека околу 03.30 часот пред угостителски објект во Градски парк Скопје, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од едно лице од обезбедувањето на објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 17.30 часот во СВР Скопје, Џ.М.(29) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Гази Баба неговата малолетна ќерка била физички нападната од друг малолетник. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска во 00.05 часот во Полициската станица Кисела Вода, С.С. од Скопје пријавил дека на 04.06.2023 околу 22.30 часот на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје бил физички нападнат од А.Ц. и Г.Ц. од с.Петровец, скопско, кои му упатиле и закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Во СВР Скопје вчера во 00:08 часот било пријавено дека во с.Арачиново, скопско, во дворот од куќата на М.С.(24) настанал пожар во неговото патничко возило „опел аскона“ со скопски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат од сопственикот, а повредени лица нема. 

Вчера во 15.30 часот во ОВР Кавадарци, С.С.(43) од Кавадарци пријавила дека околу 15.00 часот на ул.„Илинденска“ во Кавадарци била физички нападната од Б.П. од Кавадарци. Се работи на расчистување на случајот. 

Во СВР Скопје, вчера во 00:40 часот М.Д. (37) од Скопје пријавил дека околу 00.10 часот на бул.„Јане Сандански“ едно лице физички го нападнало и му одзело чанта со лични документи и предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Денеска околу 06.05 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Борис Трајковски“ во Велес, патничко возило „дачиа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(62) од Делчево, со живеалиште во с.Раштани, велешко, удрило во Д.С.(25). Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Велес. 

Вчера во 23.20 часот во Полициската станица Кичево, Б.М.(34) од Кичево пријавил дека на улица „Јанко Михајлоски“ во Кичево бил нападнат од кучиња скитници, по што паднал. Тој бил пренесен во Општа болница во Кичево каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Во Полициската станица Гази Баба, вчера 23:00 часот Б.С.(38) од Скопје пријавил дека од домот се одалечила неговата мајка М.Г.(77), која имала здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 

Вчера во 17.45 часот во ОВР Кичево, Н.Р.(78) од кичевското село Грешница пријавил дека на локален пат во селото Колибари бил каснат од куче скитник. 

Во Полициската станица Ѓорче Петров, вчера во 10:35 часот Ж.Б.(74) од Скопје пријавил дека на ул.„84“ во населба Кисела Јабука бил каснат од куче скитник. аа/

Фото: МВР Билтен

Остани поврзан