МВР-билтен (ДПЛ)
- На 22.09.2023 во 19.50 часот во СВР Скопје, И.С.(28) од Скопје пријавил дека во текот на денот во детска градинка на подрачје на Шуто Оризари неговата малолетна ќерка се здобила со тешка телесна повреда, констатирана во Ургентен центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Скопје, 23 септември 2023 (МИА) - На 22.09.2023 во 19.50 часот во СВР Скопје, И.С.(28) од Скопје пријавил дека во текот на денот во детска градинка на подрачје на Шуто Оризари неговата малолетна ќерка се здобила со тешка телесна повреда, констатирана во Ургентен центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Според пријавеното, неговата сопруга ја однела нивната ќерка во градинката околу 8.00 часот и, бидејќи е во период на адаптација, ја земала во 10.00 часот. Исто така, според пријавеното, кога го донела дома и почнала да го пресоблекува, детето не престанувало да плаче, по што го однеле во Ургентниот центар, каде што лекар ја констатирал повредата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 22.09.2023 во 16.00 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода К.М.(34) од Кавадарци. Тој се сомничи дека во периодот од 15.08.2023 до 19.09.2023 од магацин на продажен објект на мобилен оператор во Кавадарци одзел повеќе предмети. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени дел од одземените предмети, други предмети кои потекнуваат од кривичното дело и пари. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 23.09.2023 во 00.15 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го привеле С.Б.(20) од Гостивар затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен содветен поднесок.
На 22.09.2023 во 20.30 часот во с.Групчин, Тетовско, полициски службеници од СВР Тетово – Полициско одделение Групчин, во присуство на родител, лишиле од слобода малолетник од с.Групчин. Тој се сомничи дека околу 17.50 часот пред трговски центар во Тетово, при физичка пресметка, со остар предмет нападнал малолетник од с. Копачиндол, Тетовско и му нанел повреди, кој бил пренесен во Клиничката болница Тетово за укажување лекарска помош. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.09.2023 околу 14.50 часот во СВР Битола било пријавено дека во атар на с.Лознани, Битолско, настанал пожар при што горела сува трева и млин. Пожарот се проширил помеѓу с.Лознани и с.Тополчани и била зафатена и железничката пруга, при што била опожарени повеќе дрвени прагови од пругата. Екипа на Територијалната противпожарна единциа Битола го изгаснала пожарот, а повредени лица нема.
На 23.09.2023 во 03.00 часот во Неготино, полициски службеници од Полициската станица Неготино ја привеле А.Е.(34) од с.Криволак, Неготинско, затоа што физички нападнала полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 22.09.2023 во 19.29 часот во СВР Скопје, од страна Бригадата за противпожарна заштита Скопје пријавено е дека на место викано Теферич – Кисела Вода гори возило. Полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода излегле местото на настанот, при што е констатирано дека е опожарено возило „џип”, сопственост на Амбасадата на Италија, а управувано од Д.М.(41) од Скопје, кој појаснил дека движејќи се во правец од Теферич кон Сопиште забележал чад и оган од десната страна на предната хауба, при што застанал и со помош на граѓани го изгаснале пожарот. Опожарен е делот на моторот и шал таблата. Повредени нема.
На 22.09.2023 во 09.47 часот во СВР Скопје пријавен е пожар во стан на ул. „Исаија Маџовски“ во Скопје. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита, а во опожарениот стан пронајден е починат И.Ј. (35) од Скопје. На телото на И.Ј. се утврдени траги од насилство и извршена е обдукција по наредба на јавен обвинител, при што е утврдено дека станува збор за насилна смрт како последица на убоди од остар предмет. СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје презема мерки за расчистување на случајот.
На 22.09.2023 во 01.40 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле А.Г.(22) од Куманово затоа што околу 01.00 часот на ул.„Гоце Делчев “ во Куманово го нарушил јавниот ред и мир и се однесувал агресивно кон Н.С.(37) од Куманово. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 22.09.2023 во 17.15 часот во Неготино, полициски службеници од Полициската станица Неготино го привеле Ѓ.Т.(56) од Радовиш затоа што се однесувал агресивно и го нарушил јавниот ред и мир. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 22.09.2023 во 21.50 часот во СВР Скопје, М.А.(39) од Скопје пријавила дека околу 18.00 часот на подрачје на Гази Баба нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца други малолетници. Се работи на расчистување на случајот.
На 22.09.2023 во 17.20 часот во СВР Скопје, С.Б.(48) од Скопје пријавил дека околу 14.00 часот во кругот на Градски гробишта Бутел бил физички нападнат од М.Н. и уште неколку лица. Се работи на расчистување на случајот.
На 23.09.2023 во 01.30 часот во Полициската станица Карпош, Љ,Ј.(50) од Скопје пријавил дека околу 21.30 часот на подрачје на Карпош неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку лица. Се работи на расчистување на случајот.
На 23.06.2023 во 02.20 часот во СВР Тетово, В.С.(37) од Тетово пријавила дека околу 00.40 часот на ул.„Д.Г.Кара“ во Тетово нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 22.09.2023 во 03.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека пред угостителски објект во Неготино бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу О.Ј.(22) од Неготино и И.А.(23) од с.Сирково, општина Росоман. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.09.2023 во 20.55 часот во СВР Тетово, Г.С.(48) од Тетово пријави дека пред угостителски објект во Тетово бил физички нападнат од неговиот сосед С.П.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.09.2023 во 03.40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.М.Д.(49) од Штип затоа што физички го нападнал неговиот син и со остар предмет се заканувал на неговата поранешна сопруга. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.09.2023 во 22,20 часот во Штип, полициски службеници службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.И.(18) од Штип, со живеалиште во с.Нов Караорман, општина Карбинци, затоа што физички нападнал малолетничка од Штип со која претходно бил во врска. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.09.2023 во 23.45 часот во СВР Струмица, В.Т.(20) од Струмица пријавил дека околу 22.30 часот пред казино на бул.,,Маршал Тито'' во Струмица бил физички нападнат од З.Т. од с.Муртино, Струмичко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 22.09.2023 во 13.10 часот во ОВР Гостивар, И.И.(60) од село Горна Бањица, Гостиварско, пријави дека околу 10.30 часот на место викано „Долги ниви“ на патот од с.Ѓеновица кон Гостивар бил физички нападнат од Р.Н.. Се преземаат мерки за расчистување наслучајот.
На 22.09.2023 во 13.30 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го привеле Л.Б.(65) од село Горна Бањица, Гостиварско, затоа што во Гостивар физички нападнал 61-годишна жена од тетовско село. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 23.09.2023 во 09.20 часот во СВР Битола, Е.С.(46) од Битола пријавил дека во центарот на Битола бил каснат од куче скитник.
На 22.09.2023 во 14.20 часот во СВР Битола, А.Р.(39) од Битола пријавил дека во паркот кај Градскиот часовник бил каснат од куче скитник.
На 22.09.2023 во 10.50 часот во СВР Куманово, Л.К.(39) од Куманово пријавил дека на ул.„11 Октомври“ во Куманово бил каснат од куче скитник.
На 22.09.2023 во 18.10 часот во СВР Куманово, Б.С.(55) од Куманово пријавил дека во кругот на болницата во Куманово бил каснат од куче скитник. мд/
Фото: МИА архива