• сабота, 13 април 2024

Мбапе ќе пропушти три седмици поради повреда

Мбапе ќе пропушти три седмици поради повреда

Париз, 2 февруари 2023 (МИА) – Еден од најдобрите фудбалери на светот и член на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе нема да игра со Баерн во Лигата на шампионите.

ПСЖ објави дека напаѓачот на вчерашниот натпреварот од Лига 1 против Монпелје (3:1) ја повреди тетивата на левата нога и ќе отсуствува дваесетина дена.

Така, Мбапе нема да игра на претстојните натпревари со Тулуз, Марсеј, Монако и Лил во националните натпреварувања, како и на првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите со Баерн.

До крајот на денот треба да се знае и за сериозната на повредата на одбранбениот играч Серхио Рамос. зс/

Остани поврзан