• недела, 14 април 2024

Марко Асенсио го напушта Реал

Марко Асенсио го напушта Реал

 

Мадрид, 3 јуни 2023 (МИА) – Шпанскиот напаѓач Марко Асенсио најави денеска дека ќе го напушти Реал Мадрид по завршувањето на оваа сезона и, според шпанските медиуми, кариерата ќе ја продолжи во францускиот првак ПСЖ.

„Дојде време да донесам тешка одлука. Одлучив да тргнам по нов пат во својата кариера за да постигнам нови цели“, порача Асенсио преку социјалните мрежи.

Асенсио не откри која ќе биде неговата нова дестинација, а, според шпанските медиуми, тоа ќе биде Париз.

Дваесетиседумгодишниот Асенсио го напушта Реал со импресивен рекорд од 17 трофеи, вклучувајќи три шпански и три титули во Лигата на шампиони.

Во дресот на Реал одигра 285 натпревари и постигна 61 гол, пред утрешното завршно коло во Ла Лига во кое Кралскиот клуб го пречекува Атлетик Билбао. ег/
ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан