Манила ја обвини кинеската крајбрежна стража за напад врз филипински бродови
- Филипини денеска ја обвинија кинеската крајбрежна стража дека употребила водени топови против филипинските бродови во Јужно Кинеско Море
Манила, 18 ноември 2021 (МИА) - Филипини денеска ја обвинија кинеската крајбрежна стража дека употребила водени топови против филипинските бродови во Јужно Кинеско Море.
Шефот на филипинската дипломатија Теодоро Локсин на Твитер напиша дека кинеската акција е „илегална“ и ја осуди забраната за премин на филипинските бродови, кои ги снабдуваат филипинските војници во Јужно Кинеско Море.
Локсин истакна дека нападнатите бродови се цивилни и го повика Пекинг да се повлече.
Кина полага право на речиси цело Јужно Кинеско Море, кое е богато со природни ресурси.
Филипини, Малезија, Бринеи и Виетнам оспоруваат дел од кинеските барања во подрачјето, што е клучно за поморскиот пат на светската трговија. ми/