• недела, 14 април 2024

„Макпетрол“ ја намали цената на природниот гас и на метанот

„Макпетрол“ ја намали цената на природниот гас и на метанот

Скопје, 5 јуни 2023 (МИА) – „Макпетрол“ за 13,82 отсто ја намали продажната цена на природниот гас, а за 7,5 отсто малопродажната цена на метанот. 

- Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ АД Скопје за 13,82 отсто ја намали цената за мегават час природен гас за јуни во однос на цената за мај ова година, соопшти „Макпетрол“.

Малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на „Макпетрол“, се вели во соопштението, се намалува за 7,5 отсто односно, за пет денари за килограм (3,54 денари за литар) во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 67,00 денари за килограм. Новата цена ќе изнесува 62 денари за килограм или 43,89 денари за литар. вј/сп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан