• четврток, 28 март 2024

Македонскиот олимписки комитет склучи партнерство со „Јома“

Македонскиот олимписки комитет склучи партнерство со „Јома“

Скопје, 2 јуни 2023 (МИА) – Најдобрите македонски спортисти-олимпијци во иднина на меѓународната сцена ќе настапуваат облечени во опрема на реномираниот шпански производител „Јома“.

Ова доаѓа откако претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски и генералниот менаџер на „Јома“, Алберто Лопез Гонзалез, потпишаа договор за партнерство и соработка, кој се темели на договорот за стратешко партнерство што пред две години беше потпишан меѓу челните луѓе на македонскиот и шпанскиот Олимписки комитет.

Со овој договор, како што соопшти МОК, најдобрите македонски спортисти и репрезентации, кои ќе учествуваат како дел од Олимписката делегација на МОК на Европските игри Краков 2023, младинските зимски Олимписки игри Гангвон 2024 и Олимписките игри Париз 2024, ќе бидат облечени во опремата на „Јома“.

-Силно веруваме дека со опремата на „Јома“, најдобрите македонски спортисти-олимпијци ќе освојат многу медали на овие натпреварувања, се наведува во соопштението на МОК. ег/фф/

Фото: Фејсбук на МОК

Остани поврзан