• четврток, 25 април 2024

Македонската репрезентативка Гичевска нова ракометарка на француски Безансон

Македонската репрезентативка Гичевска нова ракометарка на француски Безансон

Париз, 3 февруари 2023 (МИА) – Францускиот прволигаш Безансон ја ангажираше во своите редови македонската ракометна репрезентативка Леонида Гичевска, потпишувајќи со неа договор до крајот на сезоната.

Дваесет и четиригодишната Гичевска се сели во Франција како „медицински џокер“ од Локомотива Загреб и во Безансон треба да го надомести отсуството на повредените Одри Дембеле и Ализе Фрекон-Демуж.

-Навистина сум среќна што дојдов во Безансон. Тоа е клуб со долга и убава историја и високи цели, изјави Гичевска за клупскиот сајт.

Гичевска претходно во кариерата настапуваше за француските второлигаши Ле Пузин и Авесноа, а во најсилното француско првенство ќе дебитира во дресот на Безансон, кој по 15 одиграни кола се наоѓа на седмото место со 24 бодови, 12 помалку од лидерот Мец. ег/хс/

Остани поврзан