• среда, 07 октомври 2026

Македонската култура достоинствено претставена во повеќе светски центри во чест на 35 години независност (фото вест)

Македонската култура достоинствено претставена во повеќе светски центри во чест на 35 години независност (фото вест)

Скопје, 12 септември 2026 (МИА) - Македонската култура се претставува достоинствено во повеќе светски центри во чест на 35 години од независноста на државата, објави на својата Фејсбук страница министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

-Три и пол децении независност се потврда на нашата државност, идентитет и вредностите што ги градиме со посветеност, достоинство и одговорност. Културата е еден од најсилните изрази на она што сме. Таа ги чува нашиот јазик, традиција и историска меморија, а преку музиката, уметноста и современото творештво ја пренесува македонската автентичност во светот - наведува Муцунски во објавата.

Овие денови, додава тој, во повеќе светски центри, македонската култура се претставува достоинствено и препознатливо, во чест на 35 години независност.

-Преку дипломатската мрежа продолжуваме силно да ги афирмираме македонската култура и идентитет, градејќи мостови на пријателство, почит и соработка со светот - дополнува Муцунски во објавата. 

нд/

Фото: Фејсбук профил Тимчо Муцунски

Можно е и ова да ти се допаѓа