Лукровски се сретна со претставници на здруженијата „Вмбел Егеј“, „Свети Герман“ и „Загоричани“
- Корените се нашата трајна врска со минатото, а историјата и наследството се темелите врз кои ја градиме иднината и ги пренесуваме вредностите на идните генерации. Остануваме отворени за соработка со здруженијата и за заедничко реализирање на активности кои ќе придонесат кон зачувување на наследството и негово пренесување на идните генерации.
Скопје, 13 август 2026
Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска оствари работна средба со претставници на здруженијата на Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија – „Вмбел Егеј“, „Свети Герман“ и „Загоричани“. Во фокусот на средбата беа можностите за идна соработка и поддршка на активностите на здруженијата, со посебен акцент на негувањето и зачувувањето на македонската култура, традиција и историското наследство од родниот крај, стои во соопштението од Општина Карпош.
Корените се нашата трајна врска со минатото, а историјата и наследството се темелите врз кои ја градиме иднината и ги пренесуваме вредностите на идните генерации. Остануваме отворени за соработка со здруженијата и за заедничко реализирање на активности кои ќе придонесат кон зачувување на наследството и негово пренесување на идните генерации.
Општина Карпош