• четврток, 25 април 2024

Лога - Филипиду: Грција е наш сојузник на патот кон ЕУ

Лога - Филипиду: Грција е наш сојузник на патот кон ЕУ

Скопје, 20 март 2023 (МИА) - Министерот за правда Кренар Лога на денешната работна средба ја информирал амасадорката на Грција во нашата земја, Софија Филипиду за скринингот во Брисел и поддршката од Европската Комисија за постигнатиот напредок во делот на судските реформи и владеењето на правото.

-Грција отсекогаш ги подржувала европските амбиции на Западен Балкан, вклучувајќи ја и Република Северна Македонија и е подготвена да обезбеди стручна помош за олеснување на процесот, истакнала Филипиду.

На средбата, како што информираат од Министерството за правда, се разговарало и за уставните измени, при што министерот  Лога соопштил дека во наредниот период, во координација со премиерот и претседателот на државата ќе се формира работна група која ќе работи на подготовката на измените на Уставот.

Министерот Лога ја информирал амбасадорката Филипиду дека Министерството за правда ќе поднесе ново барање за екстрадиција на еск разузнавачите Горан Грујовски и Никола Бошкоски кои се обвинети во 2017 година за масовното прислушување на над 20 илјади граѓани.

-Не може да има правна држава додека овие луѓе не одговараат за делата кои ги сториле. Очекуваме, земјите од ЕУ да ни помогнат во спроведувањето на законите и враќањето на довербата во правосудниот систем, порача министерот Лога.

Министерот Лога и амбасадорката Филипиду очекуваат од двете држави, интензивирање на напорите за целосно и доследно спроведување на Договорот од Преспа.  - Соработката ќе продолжи и во  наредниот период преку организирање на работилници, официјални посети и средби на експертско ниво со цел да се олесни процесот на преговори со ЕУ. Поддршката на Академијата за судии и јавни обвинители во Солун ќе ни биде  од големо значење за приближување на нашето со европското законодавство, се наведува во соопштението од Министерството за правда. дма/са/

Фото: Министерство за правда

Остани поврзан