• среда, 09 јули 2025

Лишен од слобода возач во Куманово, управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода

Лишен од слобода возач во Куманово, управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода

Скопје, 21 јуни 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово вчера, во 16.50 часот на ул.„120“ во Куманово, го лишиле од слобода А.М.(37) од Куманово, кој управувајќи патничко возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки.

-При преземање мерки во врска со незгодата полициски службеници констатирал дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,37 промили алкохол во организмот, соопшти МВР.  

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријави по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.вј/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан