Лишени од слобода пет лица во Скопје, расчистени две разбојништва, следуваат пријави
- Полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода пет лица во врска со две кривични дела, пријавени на 9 август, а кои се поврзани со разбојништво.
Скопје, 11 август 2026 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода пет лица во врска со две кривични дела, пријавени на 9 август, а кои се поврзани со разбојништво.
Како што соопшти МВР во координација со СВР Тетово од слобода се лишени Ј.Ј.(24), А.О.(22) и А.А. (24), сите од Гостивар, поради сомнение дека на 9 август околу 04:00 часот, во близина на градскиот парк во Скопје, го нападнале В.О. (23) од Австрија и се обиделе да му одземат пари и лични предмети, при што едниот од нив му нанел расекотина.
Расчистено е и кривичното дело „разбојништво” извршено исто така на 9 август на плоштад „Македонија” во Скопје, врз Ш.С. од кого, според пријавеното, биле одземени торба со документи и пари. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од ОКР Центар и Бит Пазар презеле соодветни мерки и активности за расчистување на случајот и од слобода се лишени А.А.(18) и А.С.(19) од Скопје.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави. ац/бк/
Фото: МВР