• среда, 29 ноември 2023

Либанската армија употреби солзавец врз израелските сили по нападот со димни бомби

Либанската армија употреби солзавец врз израелските сили по нападот со димни бомби

Бејрут, 23 септември 2023 (МИА) - Либанската армија денеска соопшти дека употребила солзавец врз израелските сили како одговор на димните бомби што Израелците ги фрлиле во регионот Бастра во јужен Либан.

„Израелските непријатели ја нарушија линијата за повлекување и фрлија димни бомби врз патрола на либанската армија“, се вели во соопштението на либанската армија.

Се додава дека либанската армија одговорила на нападот со солзавец, принудувајќи ги израелските сили да се повлечат на окупираната палестинска територија. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан